Немања Прибак, Најубавите ракометни години ми беа во Македонија! С1 Е12

Немања Прибак, своите најдобри ракометни денови ги помина во Вардар во Македонија. Разговаравме во еден не ракометен амбиент, во Новосадското Позориште, во предвечерјето на премиерата на Ричард III, во режија на најдобриот современ македонски тетарски режисер, Дејан Пројковски. Се разбира со Немања разговаравме за Ракомет! Првото доаѓање во Скопје, Вујо, Михајло, кариерата го носеше и […]

Политичкото влијание врз МРТВ, пресудно за преносите од Лигата на Шампиони? Podcast S1 E11.

Во подкастот со Марко Савовски откриваме неколку интересни детали за и околу Вардар. Како Марко воопшто дојде во Вардар, кои ритуали после натпревар биле клучни, за кого жали од поранешните играчи. Зошто во годините на голематa популарност во Вардар не се создадоа млади играчи? Каква национална стратегија е потребна за спонзорирањето? Дали Вардар намести барем […]

ТИМУР ДИБИРОВ СИ ОДИ ОД ВАРДАР! САМО РАКОМЕТ S1E10

Со огромна жалост, ја објавуваме одлуката на еден од најдобрите, најпосветените, најверните, најклучните вардарови играчи, за крајот на неговара ера во скопски Вардар. Неделното пролетно попладне пропратено со повремен дожд, ни ја донесе веста за одлуката на Тимур Дибиров да ја заврши својата одисеја во Вардар. Ќе оставиме време за да ги средиме впечатоците, но […]

Гласникот на Вардар

Некако сосема случајно во годините кои за Вардар требаше да значат стабилизација и враќање на славните патеки, лошата вест стигнуваше во осминафиналето. Гласникот е Веспрем. Надежта дека за Вардар иднината е светла се појави на двапати. Првиот, доаѓањето на Вујо Мајсторе и почетниот успех и вториот, доаѓањето на шпанскиот спасител Дејвис. Во двете ситуации се […]

Where Do I Begin …

Безвременскиот хит на Енди Вилијамс, (мене лично верзијата на Ширли Бејзи ми е фаворит) на едно скопско радио, ме затекна во подготовките за натпреварот со Веспрем. Од друга страна пак насловот на шпанска МАРKA, за убиецот на џиновите, ми создаде еден пријатен микс на спомени, чувства и очекувања. Вардар е на крстосница, тивко како и […]

Кој е новиот шампион на Македонија?

Ова скопско саботно попладне не го даде одговорот. Скопската публика, научена на победи прилично изненадена од денешниот амбиент. Битолчани пак, со огромна доза на самодоверба, донесоа многу различна енергија во Јане. Да одиме по ред. Моментот со бесплатен влез сеуште енигма за сите, најмногу за оние верните кои на почетокот на сезоната авансно платија сезонски, […]

Денот Д

Како еден пензиониран љубител на фудбалот, а сега пасиониран ракометољубец, размислува во предвечерието на неколку исклучително важни спортски настани. Фудбалски, но пред се ракометни. Како секој искрен патриот, навивам со душа и срце за Македонија. И не за онаа со префикс, но за онаа мојата, вистинската. Македонија вечерва игра бараж за светско со Италија во […]

САМО РАКОМЕТ S1E9 Давид Дејвис, Веспрем е идеален противник за Вардар !

Давид Дејвис Камара, Извонреден гостин, исклучителна личност, врзан спортски за Македонија. Во  2014 пристигна за прв пат во Скопје и тоа беше првата задача. Неколку години во Скопје потоа Русија, Египет и еден вистински предизвик Веспрем од 2018 до 2021, во тие години двe учества на Ф4, едно финале, и една елиминација во четвртфинале. Дали […]

Веспрем како судбина

Да беше Македонија држава каква заслужуваме, ќе можев да го споредам малиот унгарски град со Скопје релевантно. Вака само можам да претпоставам дека има жители отприлика колку Тетово или нешто помалку од Прилеп. Значи 10 пати помалку од Скопје, или не? Кога се споменува Веспрем неколку асоцијации се наметнуваат, Ракомет, Кирил Лазаров, Лига на Шампиони, […]

Од Кале преку Јане до Келн, со Филип Илиев С1 Е8

Овојпат за ракометот разговаравме од зад кулисите. Не дека нашиот гостин доаѓа од театарско семејство, но затоа што тој својата љубов и страст за ракометот ја соединил со волонтирањето за двократниот европски шампион, скопски Вардар! Со Филип Илиев откриваме нешто повеќе за Вардар, за натпреварите во Лигата на Шампионите, за Данците, за солзите, за соблекувалната… […]