Одиме во Охрид, Супер Куп Вардар-Пелистер

Македонскиот бисер Охрид, е домаќин на 5 тиот ракометен Супер Куп на Македонија. Во недела од 20,00 часот во салата Билјанини Извори за прв пат во оваа нова сезона ќе се судрат РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер. За Вардар ова е 5 ти Супер Куп, за Пелистер втор. Интересно е дека во 2017 […]
Борко Ристовски: Ваучерот е создаден за корупција! С2Е1

Во континуираните обиди, во склад со заложбата на САМО РАКОМЕТ, за подигање на нивото на Македонскиот ракомет, разговаравме со легендарниот Министер за Одбрана на Македонија, Борко Ристовски. Каде е сега, каква е неговата улога во Вардар? Какви се амбициите на Вардар ? Разговаравме и за состојбите во клубовите но најважно за состојбите во Македонскиот ракомет. […]
Вардар можел !?

ФОТО СЕХА Лига Решивме овојпат да испиеме по една во Русија. За подршка на клубот, на семејството. За демонстрација на став. Има повеќе предности, да се биде пред сала 2 часа пред натпревар. Голема е можноста да видиш голем број од актерите, да поразговараш со нив, да се сликаш, да видиш каква е атмосферата. Се […]
Патот до Задар

Фото СЕХА Лига Задар е најстариот град во Хрватска. Втор по големина во Далмација и 5 ти во Хрватска. Одалечен е околу 1000 километри од Македонија, нешто помалку ако се користи патот покрај Јадранот. Вистинското прашање кое не мачи деновиве, а за кое ќе добиеме конечен одговор до крајот на неделата е колку се далеку […]
Струга 2022, Подот е отепувачка!

Со Струга емотивно е врзана цела Македонија. По повеќе основи. Некои трагични, повеќето, некои комични, некои суштински, некои безвременски. Еве на пример, по Струшките вечери на поезијата, таа, каква што нема друга, Струга е единствена во светот. Таа манифестација со децении беше лична карта, но и најдобар македонски амбасадор. Струга има и темна историја, па […]
Вардар е Македонија, а Македонија не смее да е ЕУ?

Фото: Италијанскиот цртач Марио Импорта ја прикажува Европската Унија како нацистички логор на смртта во Аушвиц, а британскиот премиер Борис Џонсон како затвореник кој бега. Во купиштата статистички податоци и категории во кои е едноставно да се изгубиш, инспириран од американските професионални спортови, барам категорија во која сме единствени. Како народ, како држава, како клуб. […]
КУПОТ ВО ПОЛН СЈАЈ !?

Фото ЖРК Металург Почнувам со горчливиот вкус на очајната организација !!! Повторно како и во Скопје, организаторите, дозволија насилството да ги добие своите 5 минути. Неможам да разберам како е можно на финале на куп да влезат навивачи со палки, железни шипки и пиротехнички арсенал. Па ние една пластична вувузела неможеме да внесеме, ние обичните […]
САМО РАКОМЕТ S1E13 Oдиме во КИНА со Иван Марковски.

Иван Марковски од самиот почеток на подкастот беше со нас. Бараме одговори за ракометни прашања. Македонската репрезентација и нашите два во моментов најдобри клубови, ни се во фокусот. Разговаравме за промените во играта за очекувањата во следната сезона. Дали Талески и Кузмановски конечно ги видовме во вистинско светло? Иван е со нов меѓународен предизвик, а […]
Без сеизмичка активност во Пелагонија

Фото Кочо Сотировски Ќе почнам од крајот. Некаде околу полноќ во Скопје пристигнаа ракометарите на Вардар. Беа пречекани од своите верни навивачи. Неколку стотина комити беа сведоци на огромната радост на вардаровите играчи. Капитенот водеше, сите останати уживаа. Уште неколкумина беа во главната улога. Куни Моралес високо на второ место, Тале Мајсторе, е новата парола. […]
1 ви мај празник на … РАКОМЕТОТ

Далечната 1886 во Чикаго, во таканаречената колевка на демократијата, САД, власта жестоко го задушува протестот на работниците за своите права. Демократијата ја манифестирале со убиства за време на штрајкот но и со смртни пресуди за организаторите. Од 1889 па навака, во спомен на тие жртви се организираат протести и штрајкови ширум светот. Кај нас пак […]
