Неки нови клинци …

Поминаа повеќе од 40 години откако панонскиот морнар ја отпеа Неки нови клинци. Во деценииве кои изминаа често ја врзуваа со појава на нов бран, нова снага, нова енергија кај младите. Денеска песната совршено ја опишува херојската победа на младите пелистерци против двократниот европски шампион. Некако во сенка на премиер лигашкиот ден и еден куп […]
The power of Kiel !

Во по незнам кој пат фантастичната атмосфера во Јане, Кил сепак подобар. Беа подобри во повеќето сегменти од ракометната игра. И ако само на момент помислив дека денеска блескавиот Томовски а на моменти и одличниот Ристовски, беа во голманскиот статистички дел подоброто Вујовиќ на пресот ме демантира. Анализирајќи ги причините за поразот во одбраната, но […]
Kил повторно во Скопје.

Во пресрет на гостувањето во Скопје, на еден од најголемите европски ракометни клубови, Кил, тренерот Вујовиќ изрази благ оптимизам и верба во својата екипа. Тој кажа дека клубот многу научил од изминатите два порази од Монпеље и Олбор и дека е подготвен да се соочи со величина како Кил. ТИМ THW Kiel е ракометен клуб […]
Четвртиот месец…

Прекрасна атмосфера во Данска. Ние таму сигурно би умреле од досада ! Но подготовката, полната сала, знамињата, обзнанија дека со респект го пречекуваат Вардар. Тие и во Скопје беа подготвени за победа. Вардар започна помалку импресиониран од сето тоа, а можеби и од враќањето на Палмарсон на терените. Палмарсон е ракометниот Меси. Тимовите во различни […]
Облаци над Скопје

Иако атмосферата беше на високо ниво, а благодарение на тн институции во нашата земја кои апсолутно немаат ниту компас ниту мапа, салата беше безмалку пополнета, Вардар сепак го доживеа првиот пораз во оваа натпреварувачка сезона. Врнежливото Скопје како со денови да најавуваше дека ќе нема место за радост. Така беше и попладнево, ситен досаден дожд. […]
Веселин Вујовиќ: За прв пат Вардар е фаворит !

САМОРАКОМЕТ . Следат неколку силни дуели во низа, Монпеље, Кил па реваншот со Олбор. Вечерва со Монпеље. Тие играат променливо но чинам големо изненадување сепак беше високата победа над Кил. Таму се истакнува централниот бек Вилмино. Дали Вардар е подготвен за Монпеље? Веселин Вујовиќ . Тие дома изгубија од Сесон и изиграа лошо. Многу подобро […]
Французите играат лошо нагости

Вујовиќ за првпат го претстави Вардар како ФАВОРИТ ! ТИМ Монпеље не е најстариот француски клуб, но е единствениот кој ја има освоено лигата на Шампиони. И тоа двапати, 2003 та и 2018 та кога во полуфиналето го елиминираше токму Вардар. Француското првенство го освојувал 14 пати но последен пат 2012 година. Токму овој пост […]
Вардар и Металург !

Врнежливото попладне и неземените плати во Металург, кои влијаеа на нивните резултати, придонесоа во салата Јане Сандански да има срамежлив број на љубители на ракометот. Е тие што дојдоа не погрешија. Видовме 68 голови, многу транзиција, одлични шутеви, по некој талент, малку нервоза, голмански интервенции и интензитет во еден мал дел. Недостасуваа искрите од минатото, […]
Министерство за Магија !

Ова беше исклучително емотивно, исклучително попладне. Вујовиќ во свој стил на пресот рече цитирам, Ова не е Загреб бре, ова е Скопје. И токму од тука започнуваат магичните моменти. Јане Сандански, магичен со само 1800 среќни гледачи! Атмосфера каква многу клубови можат само да сонуваат. Големиот Јеспер Нилсен со болка на лицето од жестината на […]
Вицешампионот доаѓа во Скопје
Имам досега најлесна задача во најава на натпреварот во третото коло на ЕХФ ЛШ, Вардар го пречекува Олбор ! Имено не така одамна им посветив должно внимание, кога сосема неочекувано за ракометната јавност допатуваа во Келн во борба за титула. Го пренесувам текстот од 8 ми јуни безмалку во целост. Тим, Игра, Играчи Првото и […]
