Вардар и Металург !

Врнежливото попладне и неземените плати во Металург, кои влијаеа на нивните резултати, придонесоа во салата Јане Сандански да има срамежлив број на љубители на ракометот.

Е тие што дојдоа не погрешија. Видовме 68 голови, многу транзиција, одлични шутеви, по некој талент, малку нервоза, голмански интервенции и интензитет во еден мал дел. Недостасуваа искрите од минатото, неизвесноста и борбата.

Дека Металург не е куќа без темели, видовме безмалку во целиот натпревар. Дополнително ослабени со неиграњето на повредените а најискусни и најкорисни, Хорват и Марковски. Тренерот Марковски добро ги подготвил, и мотивирал, очигледно и добро физички подготвените малку на број преостанати металурзи. Можеби и земале понекоја заостаната плата, ќе дознаеме секако во деновите што следат. Па така тие брзо решаваа ситуации, Мане се отвори и покажа всушност зошто бил доведен. Играа растоварено и лесно, па во првото полувреме беа во егал постојано, за на крај по една ситуација во која судиите го активираа Вујо, и да заминат со гол предност на крајот.

Вардар безмалку комплетен. Релаксиран но свесен дека несмее да се опушти докрај. Играа безмалку сите кои ќе треба да го носат товарот веќе в среда против Монпеље. Вујовиќ им даде шанса на Џукиќ, Крстевски и Атанасовски, малку и на Гогов. Во второто полувреме ја стегнаа одбраната, се активира веднаш и Борко, па победникот не беше под знак прашалник.

Честитки за Металург кој изигра храбро а можеби изигра и најдобро сезонава. Беше вистински спаринг партнер за Вардар. Добрите односи помеѓу овие два ривалски клубови се за поздравување.

09.10.2021 СЦ Јане Сандански

Македонска Супер Лига

Вардар 38 Металург 30

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...