Прекрасна атмосфера во Данска.
Ние таму сигурно би умреле од досада ! Но подготовката, полната сала, знамињата, обзнанија дека со респект го пречекуваат Вардар. Тие и во Скопје беа подготвени за победа.
Вардар започна помалку импресиониран од сето тоа, а можеби и од враќањето на Палмарсон на терените. Палмарсон е ракометниот Меси. Тимовите во различни формации од оние во Скопје. Сепак работите тргнаа добро откако Вардар успеа да изедначи и да ги направи нервозни данците. Тие не сакаа мирна утакмица, па грешеа.
На моменти ја чувствувавме онаа стара енергија на Вардар. За жал само на моменти.
Ако Вујо рече дека кога имаат плус 4 правеа грешки и разликата паѓаше, сега грешките доаѓаа безмалку континуирано а падот се случи на -3. Потонаа до -7,8 и тогаш беше јасно дека враќањето ќе биде тешко.
Неколку лоши додавања зад грб, неколку лоши до пикер, едно две пробивања, некоја фрлена во аут, некоја статива и малку повеќе шутеви над пречката. Всушност и со ваква концентрација на грешки и невнимание вардарци беа блиску. Радува фактот дека дојдоа и на -2. Еден стар Вардар ќе направеше комплетен пресврт, паметиме, сме виделе.
Но овој Вардар е во четвртиот месец од своето создавање. Вујо најави дека ќе му требаат 6-7 месеци. Кажа дека добрите резултати се изненадување и кажа дека лошите ќе дојдат. Сурово беше искрен, но всушност тоа е она што е добро, тој е реален.
Дибиров беше одличен но како малку да се умори, Моралес и Њокас на огнена линија, Џукиќ се враќа. Денеска данците ни ги отсекоа пикерите, па освен некој изнуден пенал тие не постигнаа гол. А на голот Томовски пристоен, за жал статистиката на ЕХФ повторно очајна.
Палмарсон ја направи разликата, данците заслужено победија, во Вардар има штоф !
Еве накратко како би се одјавиле.
20.10.2021 Во татковината на Хамлет
ЕХФ ЛШ петто коло
Олбор 33 Вардар 29