Во градот на саламите (кон PICK SZEGED – ВАРДАР)

Како беше порано.

Доколку некој што себеси се смета дека е љубител на ракометот, а е од Македонија, или поточно кажано се смета дека е поддржувач на Вардар, сака да си ја само тестира својата верност кон овој клуб, доволно е да се сети на мечот Вардар – Пик Сегед, таму некаде во април, 2019 во Скопје. Ако при оваа помисла му се насолзат очите и му се појават пеперутки во стомакот, како на 16 годишно момченце кога ќе ја виде симпатијата од другиот клас тогаш тој е сигурно прав љубител на овој клуб. Кај сите останати кај кои што помислата на овој натпревар  нема да предизвика вакви или слични нус појави, тогаш нека не се грижат. Тие ќе живеат подолго.

Значи потсетување за оние подолговечните. Вардар во тие денови пред овој меч, дозна дека ќе банкротира, дозна дека најверојатно ќе се распадне како клуб и од секој што и малку се разбираше од ракомет беше отпишан со шанси за добар резултат еднакви на тие како што и авторот на овој текст во скоро време разбере како и зошто функционираат крипто валутите.

Е, ама Вардарци не мислеа така.

Им оддржаа лекција на самобеднисаните и полни со самодоверба ракометари од градот на саламите. Лекција од која што Хуан Карлос Пастор верувам дека и ден денес кога ќе се сети на Вардар, добива нарамномерно срце биење и забрзано дишење. Ама па и со право. Таа сезона Сегед ја играше својата најдобра игра и амбициите оправдано беа, најмалку место во Келн.

Што можеме да очекуваме од овој натпревар?

За жал околностите сега се сосема други. Вардар е стабилен по прашањето на финансии, има многу нови играчи, има нов тренер, нов спонзор, но го нема сеуште оној жар во очите што добива вакви натпревари.

РК Вардар, Денис Дуковски

ТЕМА и ПРАШАЊА

Бидејќи јас не можам да најдам одговори на многу прашања ги оставам отворени за размислување на секој оној добронамерник чие што внимание со досегашниов текст сум успеал да го задржам до тука.

  • Може ли Вардар да се справи со Пик Сегед овој пат?
  • Ќе му треба ли на Вујо џокер од ракавот, нешто што досега не сме го виделе од овој Вардар и го има ли Вујо тој џокер?
  • Ќе биде ли изненадување ако Вардар победи во Скопје?
  • Колку реваншизмот, кој што очигледно го има Пастор во себе, ќе му биде од помош?
  • Од каде ќе доаѓа најголемата опасност за Вардар на овој двомеч? Од клупата на Сегед или од клупата на Вардар?

Бицевски Александар АКА Симон Комински

Скопје Македонија

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...