Вујовиќ за првпат го претстави Вардар како ФАВОРИТ !
ТИМ
Монпеље не е најстариот француски клуб, но е единствениот кој ја има освоено лигата на Шампиони. И тоа двапати, 2003 та и 2018 та кога во полуфиналето го елиминираше токму Вардар. Француското првенство го освојувал 14 пати но последен пат 2012 година. Токму овој пост придонесе новиот тим да е правен за напад на ПСЖ, Нант и останатите со цел враќање на титулата на југот на Франција.
ИГРА
Играат силно брзо и жестоко. Типичен француски ракомет. Интересно е дека со Вардар играат во секоја од последниве сезони во Лигата на Шампиони. Но сезоната 2020/21 ја изиграа во Лигата на Европа и стигнаа до четвртфиналето каде испаднаа од Берлин.
ИГРАЧИ
Состав мешовит, многу млади но и неколку искусни играчи. Претежно французи од кој поистакнати секако Порт и Деска, како и се подобриот Вилмино. Од гастербајтерите ги издвојуваме на голот Шего, португалецот Дуарте, исландерот Гудмунсон, босанецот Паниќ и секако исклучителниот аргентинец Симоне.
ТРАДИЦИЈА
Вардар е во предност, од девет дуели добил 6, едно реми и два порази. Едниот во онаа недовршената коронарна сезона а другиот поболен во полуфиналето на Ф4 во Келн 2018, кога Вардар ја бранеше својата прва титула.
ТЕРЕН
Скопје е еден од најжешките терени и како што Вујо кажа, со скопската публика Вардар игра нова 8 на 6 тактика.
СУДИИ
Судиска двојка од Шпанија. За нив место во нашата рубрика ПАСИВНА
МОТИВ
Вардар почна одлично, хемијата е се чини овојпат погодена. Французите нагости играат слабо.
ШТО ТРЕБА ВАРДАР ДА НАПРАВИ
- Да ги притисне во одбрана
- Да биде трпелив и да ја игра својата игра
- Да го искористи жешкиот терен во Скопје
ЦЕЛ ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ !
Виктор Христоски
Среда 13.10.2021 СЦ Јане Сандански Скопје Македонија 20.45 часот