Струга, Охрид и Прилеп

Не сум сигурен колку пошироката јавност е запозната со животот на спортистите, но тој нависина е многу динамичен, стресен и прилично детерминиран.

Една легенда Mакедонска еднаш, а набрзо по завршувањето на неговата играчка кариера ми кажа: две децении живеам во ритамот кој друг ми го определува, кога да станам, што да јадам, кога да спијам, уморен сум…

Така тие верувале или не, имаат одмор едвај десетина денови по крајот на сезоната. Турнирите всушност со нетрпение ги очекуваат, оти спортистот ужива кога има натпревари, другото, другото е макотрпно тренирање.

Македонија низ годините беше препознаена како турнирска дестинација со крајна точка Струга. А како Струга немаше друга.

Но времињата се сменија. Ако некогаш во Струга неможеше со автомобил да се помине покрај игралиштето на женска плажа, денеска атмосферата е поинаква. Секоја година струшкиот турнир губи по парче од својата душа. Да добро е што сеуште одолева и ја продолжува традицијата, но дефакто таму треба свежа крв, државна инвестиција и многу промени.

Уникатноста од играње на отворено и покрај езеро е несомнено одличен магнет за клубовите и играчите, но тоа во 21 от век не е доволно.

За да проблемите станат поголеми се погрижи и еден од поамбициозните проекти во последниве години ГРК Охрид.

Во Охрид решија и сторија, одличен турнир, кој расте од година во година и организациски и квалитетно, па со самото тоа доаѓаат и се поатрактивни клубови. За следната 2026 година низ Охридската ракометна чаршија може да ги слушнете имињата на Загреб и Вецлар како гости.

Дека амбициите и идејата не се секое чудо за три денови и фактот дека во Охрид имавме солидна Off програма. Промоција на книгата на легендата на светскиот ракомет, Лино Червар, разговори со ракометни работници и тренери и сето ова заличува на една сериозна манифестација.

Паралелно со Охрид течеше и Прилеп. Турнир кој ги привлекува тимовите од таканаречениот втор ешалон. Одличен концепт и тајминг, екипи кои ќе сакаат да се проверат до каде се, секогаш со радост ќе ја прифатат поканата од Прилеп.

Што мене, но и на татко ми (83 годишен спортски фанатик, од кого ја наследив страста за спортот) ни недостасуваше. На стариот мој ТВ преноси !!! Разочарано ми рече, Биваше ниедна утакмица од Струга и Охрид да нема на телевизија??? Просто не знаев што да му одговорам.

Задача за организаторите од денес веднаш да почнете со преговори со МТВ. Телевизијата како медиум сеуште е незамнелива, секоја чест на сите интернет и јутјуб платформи но Телевизија си е Телевизија.

Мене пак многу ми недостасува промоцијата, Охрид преубав, преполн со туристи, Варош, Летница, Свети Наум, сакам да видам некаков знак дека Охрид тие денови е Ракометниот центар на светот.

Македонија е земјата на ракометот, нема сомнеж. Сакам сите што можат сериозно да помогнат тој епитет да се зацементира!

 

 

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...