СКОПЈЕ повторно се тресе!

Фото Интернет

Безмалку 62 години се изминати од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје.

На тој кобен 26 јули 1963 година, рано в мугри, страшна природна катастрофа го срамни до темел Скопје. Преку 1000 жртви и преку 3000 повредени, 75% од градот беше урнат.

Деновиве Скопје повторно се тресе. За среќа овојпат ракометно. На прес конференцијата одржана во Јане Сандански, сопственикот Михајловски го претстави новиот тренер, една од современите легенди, херојот на Вардар од 2017 та, Иван Чупиќ.

Со долг вовед, искрен и исцрпен, Михалјовски ги запозна присутните претставници од медиумите како и неколкумина страстни навивачи на Вардар, што се се случувало во деновите по натпреварот со Пелистер во Скопје.

Во градот секако долго време лебдеше сенката на сомнежот околу квалитетите и потенцијалите на Милано, но тој пак со доста стабилност и без порази се одржуваше над нивото на водата. Победата во Битола и титулата во Купот просто водеа од преодна кон висока оцена на неговиот ангажман.

НО, во Македонија ништо не е онака како што изгледа. Па така Милано неспакуван мораше да си оди од кормилото.

Паралелата ја повлекувам повторно, како што Скопје како Феникс со огромна помош од целиот свет се крена од пепелот и урнатините, така сега и Вардар со една палета на интернационалци ќе се обиде да го врати својот сјај.

Јапонци, Срби, Французи, Хрвати, Пољаци, Словенци, и се разбира Македонци ќе бидат дел од обединетите бои на Вардар, за следната сезона во која целите овојпат јасно и гласно дефинирани. Двојна круна во Македонија и пласман меѓу 8 најдобри во Евро Лигата. Храбро…

За тоа дека потресот не носи само воскреснување, туку и болка, останува празнината околу информациите за идниот статус на оргиналната икона Вардарова, Стоилов. Иако огромен дел од Вардаровата навивачка армија го очекуваше него како логично решение сепак последен е зборот на Михалјовски. За улогата на Столе ти си наша икона, и Владо Недановски, претседателот рече дека ќе имаме информација во наредниот период.

Да резимираме, многу свежа крв во Јане, пардон, од септември во своето гнездо, Расадник, што исто така е добра вест, конечно Вардар нема да биде потстанар, промени што ни ветуваат уште една супер неизвесна ракометна сезона.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...