Еурофарм повторно на -4

Ако го занемариме фактот дека пред двомечот Мешков беше фаворит, каде може да ги пронајдеме слабостите на Еурофарм Пелистер? Енергетски екипата не беше подготвена да брка разлика нагости. Тоа се почуствува по говорот на телото на играчите, на тренерот поготово. По содржината на пораките на тајмаутите. По брзината на пренесување на топката на центар по […]

Конечно во сала !

Фото Денис Дуковски РК Вардар 1961

Видна беше возбудата на оние кои дојдоа да го поздрават двократниот европски шампион во својата нова мисија, Вардар. Со сериозни играчки измени и со една винтиџ тренерска ѕвезда, а омилена во скопските комитски кулоари. И еве веднаш може да почнеме од него. Вујо рече дека му требаат 6-7месеци за да создаде екипа, но исто така […]

Црвена Битола,

На Бабиќ, одамна битолската чаршија, му покажа жолт картон. Реномето навистина големо, CV то богато, очекувањата на највисоко, но резултатите, на ниво на ерата на Алушевски. Или можеби за нијанса подобри. НО, тоа за ракометна Битола, но и за ракометна Македонија недоволно. Почетокот на натпреварот во тотален грч. Мешков по нотите на еден од можеби […]

За македонскиот ракомет !

На почетокот на јули, најавивме жешко лето ! Така и би, писаниево, ќе го започнам од крајот. Претседателот ја прими кадетската селекција. Се изнасликаа и им упатија многу честитки за успех во нивните кариери. Ниту знаел претседателот, ниту во иднина ќе знае каде се овие девојки и во какви услови тренираат и играат. Девојките предводени […]

Резиме, Македонија W19

Благодарение на континуираното залагање на Ракометната Федерација на Македонија, Македонија повторно беше домаќин на едно европско натпреварување. Шанса на домашен терен да ги искажат своите квалитети индивидуални и тимски имаа девојките на според новата терминологија W19 EHF Championship. Или по наше Б Европско првенство. Откако во фазата по групи одиграа за една победа, едно реми […]

Македонија останува во вториот ешалон !

Од остварување на лошите соништа ништо полошо нема. Така беше попладнево во Јане. Во очите на девојките се чувствуваше притисокот. Па и пеењето на химната овојпат на потивко. Иако почетокот на натпреварот најави можно изненадување, за жал не беше така. Македонките почнаа цврсто, Коларовска реализираше, холанѓанките промашуваа и на семафорот имавме 8-2 ! Оттука понатаму […]

Невреме на повидок

Два дена по одличниот впечаток во воведниот натпревар против Босна, вечерва се соочивме со суровата реалност. Фарските острови практично се по површина нешто како Овче поле а по население безмалку како Велес. Да тие се всушност данци и скандинавскиот ракомет им е мајчин, но дома, во Скопје со нив изигравме едвај 24-24. За да не […]

Нова енергија

Ако по утрото денот се познава, можеби, и покрај страшните грмотевици денеска над Јане, за македонскиот женски ракомет има надеж. Неможам а да не започнам со впечатокот дека гледав тим со глава и опашка. Можеби е рано да се даваат одлични оценки, иако оптимизмот не ми беше на завидно ниво, но сепак она што вечерва […]

Македонија У19

Денеска во Скопје во сега веќе историската, а под велот на таинственоста околу преземањето на сопственоста, Јане Сандански, започна ЕХФ шампионатот за млади категории. Девојките од 8 земји заедно со домаќинките, репрезентацијата на Македонија, ќе се борат за билет за елитното друштво. Нас одамна таму не нема, а според времето за подготовки, процесот на селекција, […]

2021 ЖЕШКО ЛЕТО

Како никогаш досега чинам летово носи одговори на неколку интересни ракометни прашања. За македонската сцена размислувам секако. Дали Македонија е најракометната нација или во недостаток на успеси во другите спортови едноставно го засакавме ракометот? Дали развојот на ракометот и ракометарите е во правилна насока? Дали и покрај одличното работење на федерацијата сепак недостасува final touch […]