Дали на повидок е конечната разрешница околу иднината на учеството на македонските клубови во СЕХА лигата.
Пред само неколку денови како гром од ведро небо стигна одлуката на РФМ да ги повлече службените лица од СЕХА. Вчера уште поснажен беше тресокот по забраната на Вардар да настапува на Ф4.
Изминативе години во повеќе наврати СЕХА и покрај скапиот спонзор и сериозната организација, успеваше да се наметне како несериозна организација. Што со постојаните измени на клубовите, со измените на системот, со циркуската атракција од Кина, но најважно со неуспехот да се избори за статус во ЕХФ. Статус на сериозно натпреварување во кое победникот би имал привилегија во ЕХФ куповите.
Не мал е бројот на клубовите кои СЕХА почнаа да ја земаат на подбишега. Изненадувачки е само што почесниот претседател на СЕХА е Михајло Михајловски.
Деновиве очекуваме и Вардар да се изјасни. Да не биде дека не сме се разбрале.
Како и да е, РФМ и македонските клубови имаат проблем со СЕХА. Ќе видиме ли разрешница наскоро?