Ако го занемариме фактот дека пред двомечот Мешков беше фаворит, каде може да ги пронајдеме слабостите на Еурофарм Пелистер?
Енергетски екипата не беше подготвена да брка разлика нагости. Тоа се почуствува по говорот на телото на играчите, на тренерот поготово. По содржината на пораките на тајмаутите. По брзината на пренесување на топката на центар по примен гол. А примија безброј.
Тактички и за лаик како мене, беше очекувано Пелистер да ја забрза играта, ем да надокнади -4 ем нагости да постигне повеќе од 31 гол.
Во одбраната неуспеваа ниту фаул да направат ! Лошо покриваа, па белорусите без проблем поминуваа, или додаваа. Една од болките беше и слабиот ефект на голманите. Тие за жал се вклопија во сивилото на екипата. Заедно едвај 8 интервенции, премалку, на другата страна 13. Сосема доволно.
Во нападот… Е тука има што да се каже. Периќ по незнам кој пат, конечно отстранет во второто полувреме, кaко донесен сосила во сала. Силување, пробивање, солирање, со еден збор штетен по екипата. Во таква ситуација кога плејмејкерот не се грижи воопшто, следеше пад на концентрација на безмалку сите играчи. Мараш на моменти сјаен но во клучните кога се кршеше натпреварот во склад со народната, со деца тикви не се садат.
Мандалиниќ и Обрадовиќ делуваа најприбрано. Па за нив преодната оценка единствено. Иако не беа и тие совршени. Мандалиниќ промаши пенал при единственото водство на Пелистер, а Обрадовиќ ја занемари својата игра во одбраната.
Факт е дека екипата се опушти од притисокот на -8, кога натпреварот беше решен, па заигра доста посериозно. Сепак слабата одбрана, не го доведе натпреварот во ниту еден момент во неизвесност.
Заклучок. Во интервjуто на Бабиќ за 24 ракомет, во повеќе наврати зборуваше дека резултатите на Еурофарм Пелистер ќе биле во согласност со буџетот. Наслутував ама не бев сигурен дека тоа е изговор за она што ќе се случува. Пораз од Вардар во Струга, и двоен пораз и елиминација од СЕХА лигата. Да секако нема да заборавам да напомнам дека како исклучителен фактор за поразот и овојпат ќе го нотирам врвниот стратег Бабиќ.
Можеби грешам а можеби не. Сезоната е долга и таа ќе го даде одговорот.
29.08.2021 Во поранешната ССР, Белорусија
СЕХА четвртфинале реванш
Мешков 35 Еурофарм Пелистер 31