За македонскиот ракомет !

На почетокот на јули, најавивме жешко лето !

Така и би, писаниево, ќе го започнам од крајот. Претседателот ја прими кадетската селекција. Се изнасликаа и им упатија многу честитки за успех во нивните кариери.

Ниту знаел претседателот, ниту во иднина ќе знае каде се овие девојки и во какви услови тренираат и играат.

Девојките предводени од Савевски, кој или изигра шаховски маестрално (жртвувајќи ја младинската со 7 те кадетки, селекција) или едноставно имаше многу среќа, го обелија образот на македонската спортска јавност. За воља на вистината голем број од овие девојки ги познавам и Ве уверувам тие се страшни таленти, големи борци и уште поголеми работници. Момент во кој сите структури треба да се мобилизаираат и да го издигнат нивото на женскиот ракомет. Овие девојки верувале или не, имаат две можности, да играат за стипендија од 30 еур, евентуално хонорар од 250-350 еур, или да си ја бараат својата судбина подалеку од ракометот. Така ракометната нација не се гради.

Најавата за обнова на Ѓорче, 16 екипи во новата сезона во првата лига, можеби се почеток…

РФМ како и многупати светла точка, иако со забелешка дека сепак прекасно ги стартува селекциите и камповите.

Македонија М19

Кај момците ситуацијата уште покомплицирана.

Селекторот најави, ние го подржуваме, на добар пат сме. Машките клубови немаат проблем со финансиите, на прес конференцијата предводникот на Голден Арт рече пари има колку што треба, а не се единствени ! Потребна е квалитетна работа во клубовите. Систем кој ќе создава квалитетни играчи, за жал овојпат имавме повеќе ѕвезди од потребното. Момците со мали корекции за кои селекторот со својот стручен штаб е свесен, можат да бидат селекција со голем потенцијал за сениорски репрезентативци. Неможам да одолеам а да не го нотирам бисерот Марко Митев. Браво Марко !

РК Металург РК Вардар

Последните дилеми околу финансиските проблеми на двата скопски клуба се решени. Вардар прилично комотно, во стилот на Голден арт, а Металург овојпат искрено машки. Едните продолжуваат стабилно и во ЕХФ ЛШ, а другиве ќе стиснат заби и на крилата на новиот стручен штаб и сериозно проветрениот ростер, ќе се обидат само на македонска сцена да го рестартираат клубот.

Со нетрпение го очекуваме почетокот на новата ракометна сезона.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...