2021 ЖЕШКО ЛЕТО

Како никогаш досега чинам летово носи одговори на неколку интересни ракометни прашања. За македонската сцена размислувам секако.

Дали Македонија е најракометната нација или во недостаток на успеси во другите спортови едноставно го засакавме ракометот? Дали развојот на ракометот и ракометарите е во правилна насока? Дали и покрај одличното работење на федерацијата сепак недостасува final touch ?

Зошто го поставувам прашањето?

Затоа што со години сме сведоци на забелешки, коментари и поплаки од страна на клубовите, тренерите, федерацијата, секако и од играчите, на крајот и од публиката, дека немаме инфрастуктура, дека условите се лоши но се почесто и дека лошо се работи со младите играчи. Затоа што со години се мачиме да се извлечеме од шампионатите во младинските категории и да влеземе во елитното друштво каде што се сениорите веќе подолго. Затоа што иницијалната каписла на популарноста на ракометот, Женскиот ракомет, е на дното и клупски и репрезентативно.

Одиме по ред, за да бидеме најракометна нација треба да сме добри во сите сегменти. Во спротивно ракометот само ќе биде на врв на листата омилени спортови во отсуство на други.

Инфраструктура ! Најчест проблем на клубовите и школите за ракомет, (кои се посебна тема), е хроничен недостаток на сали. На пример во оштина Аеродром со безмалку стотина илјади жители има верувале или не само 2, со зборови две сали за ракомет (и тоа двете сали во Јане Сандански). Во случај кога во вашето маало има сала, најчесто нема термин, и секако на крајот и ако добиете термин, салата нема греење, ладење, а за пристојни тоалети и соблекувални не смееме ниту да прашаме.

Условите ! Во мал дел од клубовите се работи професионално. За жал во најголемиот дел е борба со ветерници на страствени љубители на ракометот, на луѓе кои без никаков надомест даваат се што можат за тие клубови да опстанат. За жал тоа не е доволно за да се создадат квалитетни играчи! Во мал дел од машките клубови ситуацијата е подобра но во најголем дел од женските, состојбите се катастрофални. Проблемот почнува од екипираноста на клубовите со стручен штаб кој ќе може професионално да работи со првиот тим но и со подмладокот.

Младите ! Низ годините некако популарноста на ракометот растеше како што растеа успесите на репрезентациите и клубовите. НО за жал таа популарност и опседнатост на децата да тренираат ракомет, па дури во неколку наврати нотирано и од странци ракометари или намерници, во маало децата да играат ракомет што никој никаде во европа не го видел, не не доведе до ситуација да имаме таленти за извоз. Напротив постојано зборуваме за изгубени генерации и промашени таленти.

Е сега од шампионатите кои ни следат и од резулатите кои ќе ги оставриме а уште поважно од впечатокот, ќе ги добиеме одговорите, се надевам!

Темиве ќе ги обработуваме во континуитет и ќе разговараме со релевантни учесници во ракометниот живот.

Еве што се ќе гледаме ! За нас најважно,

од 10 јули Младински Шампионат за девојки У19, во Скопје

од 7 август Кадетски Шампионат за девојки У17, во Литванија

од 9 август Младински Шампионат машки У19, во Македонија (Охрид)

Во јули ќе гледаме конечно олимписки ракомет во Токио, во август турнирот во Струга и разрешницата во СЕХА.

Во жешкото лето и резултатите кои ги очекуваме од промените во стручните штабови и на машките и на женските репрезентации, очекуваме и уште неколку интересни разрешници. Разделбата на Кирил Лазаров со Голден Арт, вистината која ја пласира ракометната чаршија за формирањето на новиот клуб, раздвижувањето во Ѓорче Петров, разврската на сагата Самсоненко Вардар и на веќе мултисезонската околу Металург…

Виктор Христоски

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...