Црвена Битола,

На Бабиќ, одамна битолската чаршија, му покажа жолт картон.

Реномето навистина големо, CV то богато, очекувањата на највисоко, но резултатите, на ниво на ерата на Алушевски. Или можеби за нијанса подобри. НО, тоа за ракометна Битола, но и за ракометна Македонија недоволно.

Почетокот на натпреварот во тотален грч. Мешков по нотите на еден од можеби најголемите ракометни генијалци, кои за среќа можевме да ги гледаме во дресот на скопски вардар. Скубе, разигруваше, додаваше, поентираше и ја расплакуваше битолската одбрана. Од друга страна, мојот омилен штеточин, Периќ.

Ниту една топка до крило, уште помалку до пикер, беше тажно да го гледаме како ја билда својата статистика на штета на клубот.

Пелистер има респектабилен состав, Обрадовиќ е исклучителен квалитет во двата правци. За несреќе денеска беше дел од црвениот клуб. Кубанецот со одлични физички предиспозиции, голманите делуваат со голем потенцијал. Мандалиниќ, денеска единствен со преодна, има сеуште што да каже. Но за да овој оркестар зазвучи префинето теретот треба да го преземат диригентот, Бабиќ и првата виолина, која во моментов Битола ја нема.

Реваншот е безмалку без надеж. Пелистер и вечерва беше оставен на милост и немилост, а стртегот освен со ротација со ништо друго не се обиде да промени.

За една недела ќе видиме дали ова беше само лоша вечер или почеток на една лоша сезона.

Навивам за лошата вечер.

21.08.21 Бабам Битола, Македонија

СЕХА четвртфинале

Еурофарм Пелистер 27 Мешков 31

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...