Видна беше возбудата на оние кои дојдоа да го поздрават двократниот европски шампион во својата нова мисија, Вардар.
Со сериозни играчки измени и со една винтиџ тренерска ѕвезда, а омилена во скопските комитски кулоари. И еве веднаш може да почнеме од него. Вујо рече дека му требаат 6-7месеци за да создаде екипа, но исто така и дека нема време па ќе мора брзо да дејствува. Очигледно беше дека немал време.
Вардар за наши очи играше преспоро.
Дали е дел од Вујовата агенда ќе дознаеме наскоро. Факт е дека во напад неможеше лесно да најде решение за длабоката, исклучително агресивна, снажна и мобилна 5-1 зона на Загреб. Дека недостасува еден брз и креативен среден бек не е тајна.
Од новаците, безмалку шокантно добар Анте Кудуз, се чини дека добиваме шутер од калиброт на Вуко, а искрено на таа позиција подолго време Вардар и немаше истакнат бомбардер. Во Тото, како да се наслутува заменикот на Самба, човекот е огромен а и делува дека енергетското ниво и страста му се исклучително високи. Нашиот Томовски блесна, со одлични безмалку 37% …и можеби 2-3 во клучни моменти одбрани, беше фактор на стабилизација. Одбраната во која Вујо доста ротираше имаше многу проблеми да ги запре хрватите. Ако се погледне резултатот, се добива впечаток дека одбраната била одлична, примени само 20 голови, но дали ?
Од очекуваните емотивни моменти на враќањето на една од ѕвездите на шампионскиот Вардар, безмалку ништо. Паметиме како беа пречекувани, Абутовиќ, Караќиќ и останатите. Чупко освен силни аплаузи и по некое негодување по феноменалната серија на пенали, не доби воопшто простор.
Загреб покажа дека не се шегува, па пред Вардар и Вујо, мајсторе, предстои исклучително тешка задача во реваншот. Иако со оглед на тоа како се движеше резултатот и како Загреб постојано притискаше на крајот плус 4 делува и како одлично завршена домашна задача.
Неможам а да не ги споменам српските тн делители на правдата. Одамна сметам дека кога судиите ќе го навлечат гневот на домашната публика а притоа и си отидат со еден куп негодување од гостинскиот тренер дека нешто не било како што треба.
Како заклучок, Вардар играше преспоро, Загреб одлично во одбрана, судиите никој не ги бендиса, а најважно
ПУБЛИКАТА СЕ ВРАТИ ВО САЛА
26.08.2008 Во Јане, Скопје, Македонија
СЕХА Лига, четвртфинале
Вардар 24 Загреб 20