Солзите на капитенот и малиот рибар!

Знам зошто Кардиологијата на бизнисменот ја сместија во непосредна близина на СЦ Борис Трајковски. Пресот доцнеше прилично. Соблекувалната бурно славела. На самиот крај го поздравивме селекторот со честитки и со големо олеснување. Честитавме и потврдивме дека Чешка одигра одлично, а селекторот кусо искоментира “Сабате е тренериште”. Тој додаде дека малку и физички паднавме, но таа […]
Чешките чевли удобни

Има една странска која вели ОБЛЕЧИ ГИ НЕГОВИТЕ ЧЕВЛИ, а во слободна интерпретација би значело да се ставиш во одредена позиција или ситуација во која е некој. Притисокот врз Лазаров растеше од денот на неговото назначување за селектор. Тој самиот призна дека има непријатели. Во одредена констелација на силите и во сенката на одлуките кои […]
Бабиќ по вторпат под лупа!

Фото 24ракомет.мк Битолската публика ја сметам за една од најракометно едуцираните. Па таму секој втор, трет навивач играл или тренирал ракомет. Денот прекрасен, битолчани оние среќните кои успеаа да дојдат до билет неможеа да го дочекаат мирни натпреварот. Кафаните зелено бели, широк сокак исполнет со чкембари. По пат го сретнуваме Стефче, уште една битолска ракометна […]
Гласникот на Вардар

Некако сосема случајно во годините кои за Вардар требаше да значат стабилизација и враќање на славните патеки, лошата вест стигнуваше во осминафиналето. Гласникот е Веспрем. Надежта дека за Вардар иднината е светла се појави на двапати. Првиот, доаѓањето на Вујо Мајсторе и почетниот успех и вториот, доаѓањето на шпанскиот спасител Дејвис. Во двете ситуации се […]
На 5 ти кај да си во Битола да си!

Вторникот го донесе најголемиот предизвик за Македонија, ама во фудбалот. Црвено жолтите, рисовите, се судрија со еден од светските гиганти, Португалија. Заслужено изгубивме, но никого не оставивме рамнодушни. Зборувам за тезата, спортот е најголемиот амбасадор. Во сенката на тој настан, битолчани заминаа во Нашице, мало место во Славонија, Хрватска. Градот со помалку од 9000 жители, […]
Кој е новиот шампион на Македонија?

Ова скопско саботно попладне не го даде одговорот. Скопската публика, научена на победи прилично изненадена од денешниот амбиент. Битолчани пак, со огромна доза на самодоверба, донесоа многу различна енергија во Јане. Да одиме по ред. Моментот со бесплатен влез сеуште енигма за сите, најмногу за оние верните кои на почетокот на сезоната авансно платија сезонски, […]
РОМАНИЈА МАКЕДОНИЈА 24:22

Фото РФМ БУКУРЕШТ Реванш бараж натпревар за пласман на светско првенство 2023 Ова беше: Натпревар кој што треба да го заборавиме брзо. И играта и резултатот. Се паметат оние од Скопје. И играта и резултатот. Натпревар кој што можеби ќе си го памети само Атанасијевиќ. Си го постигна својот деби гол за А селекција, па […]
СТРПЛИВО…

Фото Дерби Александар Табаковски Шокантна е листата и исклучително долга, за нештата за кои еден просечен македонец нема трпение! Можам да набројувам до недоглед, всушност само една споредба ќе направам. Еден просечен македонец нема трпение да чека на црвено, но од друга страна е исклучително трпелив додека го чека датумот ?! Спортот, посебно оној сегмент […]
Веспрем како судбина

Да беше Македонија држава каква заслужуваме, ќе можев да го споредам малиот унгарски град со Скопје релевантно. Вака само можам да претпоставам дека има жители отприлика колку Тетово или нешто помалку од Прилеп. Значи 10 пати помалку од Скопје, или не? Кога се споменува Веспрем неколку асоцијации се наметнуваат, Ракомет, Кирил Лазаров, Лига на Шампиони, […]
Две карти молам! Битола на нозе…

Во навидум изедначен натпревар во првото полувреме ловориките ги собираше голманот на атињаните. Натпреварот тврд, тежок, не толку убав но со посебен набој. Знаеме ние. Не е литертурна форма а можеби е, редењето на впечатоци. Две вртени на Граџан, пикерот кој стана битолски зет уживаше вечерва. Плотунска стрелба на Стипе, кој по кој знае кој […]
