Веспрем како судбина

Да беше Македонија држава каква заслужуваме, ќе можев да го споредам малиот унгарски град со Скопје релевантно. Вака само можам да претпоставам дека има жители отприлика колку Тетово или нешто помалку од Прилеп. Значи 10 пати помалку од Скопје, или не? Кога се споменува Веспрем неколку асоцијации се наметнуваат, Ракомет, Кирил Лазаров, Лига на Шампиони, […]

Две карти молам! Битола на нозе…

Во навидум изедначен натпревар во првото полувреме ловориките ги собираше голманот на атињаните. Натпреварот тврд, тежок, не толку убав но со посебен набој. Знаеме ние. Не е литертурна форма а можеби е, редењето на впечатоци. Две вртени на Граџан, пикерот кој стана битолски зет уживаше вечерва. Плотунска стрелба на Стипе, кој по кој знае кој […]

Да ова беше шаховска партија.

За почеток го искажувам своето задоволство кон МРТ и можноста да го погледнеме овој натпревар со спортски коментар на големите екрани. Забележувам дека сите натпревари во организација на РФМ, вклучувајќи ги и младинските категории, имаме можност да ги гледаме и на YouTube платформата. Но сепак телевизија е телевизија, нели? Но дали така беше? Пренос со […]

Пелистер загуби, сонот за висок пласман остана.

Во морето од забелешки, некои издржани, некои на ниво на желба а некои романтични, предлогот за стопирање на трансфери во тековна сезона и потпишување договори однапред, вечерва повторно се актуелизира. Наративот за мечот имаше две димензии, од тотално небитен за Татабања, до вториот покомплексниот, тешко ќе се добие оваа утакмица. За жал вториов беше поиздржан, […]

Вардар победи, Чупиќ го украде шоуто!

Една исцрпувачка и жестока борба, исклучително неефикасна, заврши со победа на црвено црните. Во отсуство на квалитетен среден, Крстевки и младиот Додиќ, штотуку дојден во црвеното семејство, се обидоа да сработат тоа што шпанецот им подготвил. Тоа беше тешка задача за двајцата бидејќи хрватите и искусниот Обрван беа подготвени. Вардар во нападот немаше опции. Денеска […]

Низ иглени уши, Пелистер подобар од Кадетен за второ место во групата.

Натпревар за инфаркт. Во историјата апсолутно заштитен знак кога играат македонските и клубови и репрезентации. Огромен беше притисокот, ростерот сега веќе воопшто неизненадувачки непотполн. Без десен бек на располагање. Агрономот реално во зима нема многу обврски. Но сепак и во овој дуел не успеа да не убеди дека е вистинскиот за иднината на Пелистер. Прилично […]

Дејвис Мајсторе !

Во крикот на капитенот во тимската прегратката на крајот на натпреварот откриваме многу важни пораки. Но ајде прво за шпанецот што вондредно студирал на Хогвортс. Тој не побара време, ниту играчи, не се пожали на ростерот, ниту на распоредот. Тој едноставно ја промени крвната слика на Вардар. Видовме дека едно момче кое трпеливо ја чекаше […]

Пелистер преполовен, во одлично издание

Фото РК Еурофарм Пелистер Еден од поубавите натпревари кои Пелистер ги изигра низ годиниве. Напаѓачки можеби не, но тоа што поприлично македонската, одбрана го демонстрираше вечерва на француско тло беше одлична дефанзивна поставка. Изминатиов период иако преокупирани со сортите кои летаат низ мислите на Жељко, а дополнително изненадени со големиот број на отсуства од ростерот, […]

Во Вардар, Diamonds Are Forever

ФОТО СЕХА Лига Не можам да го занемарам фактот дека во рок од 24 часа повторно видовме неквалитетен ракомет. Првото полувреме во духот на ако мора ќе играме, лошите судии и уште полошата реализација на двете екипи. Еден од интересните моменти беше секако и Вујо на трибините, како потврда дека немаше многу што ракометно да […]

Градинарот од Метковиќ и северните соседи

Дека смислата на СЕХА, таканареченото регионално натпреварување, е подзагубена добиваме потврда од ден на ден. Што денеска во Белград ја потврдува мојата теза? Битолчани за 48 часа играат суперлигашки натпревар. На теренот делуваа како на тренинг но со школски состав. Е тука свој придонес има и ликот од насловот! Имено 49 годишниот хрват родум од […]