Градинарот од Метковиќ и северните соседи

Дека смислата на СЕХА, таканареченото регионално натпреварување, е подзагубена добиваме потврда од ден на ден.

Што денеска во Белград ја потврдува мојата теза?

Битолчани за 48 часа играат суперлигашки натпревар. На теренот делуваа како на тренинг но со школски состав. Е тука свој придонес има и ликот од насловот!

Имено 49 годишниот хрват родум од Метковиќ, на прашањето за неговата иднината, кое следеше после прашањето како ќе изгледа Еурофарм Пелистер во следната сезона со оглед на неколкуте најавени заминувања, едноставно одговори дека ќе одгледува шипка !?

Битолскиот и македонскиот ракомет не заслужуваат уште една епизода во која ќе бидат попатна експериментална станица на самосебе прогласени ракометни експерти.

Овој истиов, со мислите во своите насади, не успеа да извади на терен екипа мотивирана и подготвена да се справи со еден јуниорско кадетски состав со двајца надежни играчи. Напротив се доведе во ситуација да направи од готово вересија, па да мора победата да ја спасува во последните минути.

Ја сум длабоко убеден дека ако битолчани допатуваа во Белград со “Двојката” овој натпревар ќе беше чиста формалност.

Сега пак на СЕХА, на теренот двајца судии очигледно дојдени да го проверат надалеку познатиот белградски социално-кафанско-клубски живот. Впрочем на еден од тајмаутите и домашниот тренер како мотивациска ставка уфрли дека имаат добро судење.

Покрај одличниот декор со две навивачки групи, наклон за Чкембарите кои се потегнаа дури до Белград за да покажат како се сака својот тим и едно големо 0, НУЛА, за црно белите така наречени жестоки навивачи кои во моменти на тотална немоќ на цвојата екипа потегнаа по оружје кое ние цивилизираните, одамна не го признаваме за легитимно, навредите и клеветите.

СЕХО дали ги слушаш повиците од трибините, или не?

Ова навистина го допре дното и доколку се повтори едноставно СЕХА ќе мора да ги исфрли клубовите за кои навиваат насилници и провокатори.

Можеби е доста за легитимноста на СЕХА во еден ваков формат и издание. Но будно ќе ја пратиме.

Во слична конотација и за очекувањата на македонската ракометна публика дека во СЕХА ќе играат нашите деца. Повторно изневерени. И додека упорно и експлозивно ги лансираме талентите од поширокото ни соседство како и од далечните братски неврзани земји, нашите деца чмаат на клупите. Па така “ѕвездите” од рангот на Периќ, Табоада, Мараш и да не ги подзаборавам, Додиќ, и компанија откако ќе ја добијат својата шанса веќе им е под чест да гинат за дресот на клубот кој ги промовирал.

Ракометно сиромашен натпревар, инцидентен изблик на поединци и еден исклучително луциден пеналџија е се што можеше да се види. Предони оценки за малиот Матео, борецот Граџан, Периќ кој малку подоцна дојде на натпреварот, Кукуловски за борбеноста во одбрана и Секељи за ладнокрвноста.

Кукулоски, Танкоски, Кизиќ, Костески и другите, повторно не добија вистинска прилика.

07.02.2022 Белград СЕХА Лига

Партизан 23 Еурофарм Пелистер 25

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...