ВИКИНЗИТЕ НА ТРОНОТ

28 години од воспоставувањето на европските шампионати, и нивната прва титула, Шведска е повторно Шампион. 20 години од својата последна освоена на домашен терен, вечерва ја освоија својата и рекордна 5 та титула. БРАВО Денот започна доста емотивно за шпанската спортска но и поширока јавност, откако нивниот миленик Рафа Надал го освои АО и стана […]

Едноставно, Јим Готфридсон!

Возбудата не изостана и на вториот натпревар. Но она што ми го одвлече вниманието беше нешто сосема друго. Ако сите ракометни сладокусци останаа без збор за играта на малиот Лук Стеинс, а ние во Скопје постојано сме во потрага по среден, како спас за Вардар, како можеме наједноставно да го опишеме Јим или по нашки […]

ФУРИОЗНО !

На лицата на Маке и Кање, хероите наши од епските денови на Вардар, ја видов најискрената насмевка. Радоста од победата против апсолутните фаворити Данска, беше огромна. Иако натпреварот почна исклучително нервозно со огромен број на изгубени топки, со апсолутна доминација на голманите, во која Ландин беше за нијанса подобар, сепак крајот беше спектакуларен. Данците имаа […]

22 ри во Европа

Неможам да се сетам дека во некоја категорија од општествено политичкото, спортско, па и било кое милје котираме така високо. Сепак најракометната нација, или државата во која ракометот е спорт број 1, нема да биде задоволна со ваквиот развој на настаните? Но зошто е тоа така? Претпоставувам поради површноста, овде на балканот еден тротоар најобичен […]

Star Trek: The Next Generation

Star Trek: The Next Generation е американска научно-фантастична телевизиска серија создадена од Џин Роденбери. Првично се емитуваше од 28 септември 1987 до 23 мај 1994 година опфаќајќи 178 епизоди во седум сезони. Репликата која ја обележи оваа франшиза беше: Space: the final frontier. These are the voyages of the starship Enterprise. Its continuing mission: to explore strange new […]

Стискавме палци, сега малку и заби …

Сметав утрово дека кошмарите ноќешни не се последица на ракометот. Барав причина во децата, па ситуација на работа со едно Кангу, можеби лошата серија сарма, руска, домашна… Сепак до ракометот е. Сакав барем една победа, а и сметав дека сепак имаме капацитет. Но суровата реалност, која Каменица ја прогнозираше, ракометните кругови ја наслутуваа, стручниот штаб […]

Со мислите во Полска и Шведска!

Да, всушност со години го чекавме моментот кога ќе ја слушнеме сентенцата “Градиме тим за иднината”. Кирил Лазаров ги оправда очекувањата. На првиот меч со Словенија го покажа костурот на новата Македонија. Играчите кои го имаа најголемиот товар не беа ветераните. Пешевски 30, Ѓеоргиевски 34, Стоилов 34, тука завршува. Се останато е иднината ! Лево […]

Кој освои а кој загуби бод?

Да фрлиме поглед на денешниот натпревар од еден поинаков агол. Кој доби а кој изгуби, со оглед на нерешениот резултат на крајот на натпреварот. Прво големата слика! Македонскиот ракомет добива неизвесност, силни натпревари во кој македонските играчи ќе стекнуваат искуство и можност за натпревар, а публиката ќе ужива 60 минуту во врвни и неизвесни пресметки. […]

Вардар како Титаник !

Никој неможеше ниту да наслути дека Вардар ќе тоне со брзината со која тонеше Титаник. Дури и поразите во последните неколку натпревари беа во една донекаде пристојна игра. Но вечерва во Хрватска, го допре дното. Иако најавите за овој меч одеа дотаму дека Загреб ќе се служи со прљавштини, реалноста е сосема поинаква. Ниту промената […]

Зелено е во мода !

Благодарејќи на современите технички достигнувања, дилемата која синќа ја имав, лесно ја решив. Во Битола гостуваше португалскиот Спортинг во рамките на ЕХФ Европската лига. Должници големи на Пелистер со оглед на украдениот бод од веќе изгубениот натпревар минатата недела. Во Скопје пак во едно урбано катче, на една жива ракомета легенда, гостуваа единствените, ненадминливите и […]