Зелено е во мода !

Благодарејќи на современите технички достигнувања, дилемата која синќа ја имав, лесно ја решив.

Во Битола гостуваше португалскиот Спортинг во рамките на ЕХФ Европската лига. Должници големи на Пелистер со оглед на украдениот бод од веќе изгубениот натпревар минатата недела.

Во Скопје пак во едно урбано катче, на една жива ракомета легенда, гостуваа единствените, ненадминливите и најуникатни, битолчани Фолтин!

Некако бев сосема сигурен. Пелистер е сигурен победник. Одам на Фолтин !

Не згрешив. Битолчани во Скопје во едно многу среќно и малобројно друштво, отсвирија жестоко. Ви благодарам што постоите !

Биолчаните пак во Битола, а јас благодарение на можностите за снимање на кабелскиот, утрово, видовме конечно она за што се подготвуваа неколку години.

Доминација !

Иако во првиот дел работите и не изгледаа цело време најсјајно, Пелистер ја покажа во моментов својата класа. Да тие се класа и тоа е факт.

Со нетрпение ќе го чекаме развојот на настаните и сега веќе со сигурност можам да кажам дека Пелистер е легитимен кандидат за врвот на ЕХФ Европската лига. Овој Пелистер има многу штоф. Можеби сеуште не и за освојување на лигата имајќи ги впредвид пред се еден куп германски клубови, но секако кандидат за скинување скалпови.

Е таков Пелистер сакаме. Битолчани конечно со засипнати грла но со насмевки. Време е за сериозна инвестиција во Битола. Современ ракометен дом со кој и Битола и Македонија на долги години ќе го зациментираат она што сите го знаеме. Битола е ракометен град.

Што да се каже за натпреварот? Бабиќ ја пронајде почетната постава. Периќ, Табоада и на моја голема радост се подобриот Велковски. Човекот имаше неколку врвни асистенции, игра одбрана но и погодува. Ваков десен бек рече Марковски, секој тренер сака во својот состав.

Периќ пак сам призна дека Битола му годи. Ние пак со малку тага признаваме дека на многу странски средни бекови Македонија им годи. Време и на некој наш домашен истите карти да му се отворат.

Мандалиниќ на кого Бабиќ му го симна теретот на предводник, се чини дека конечно ужива во ракометот. Малиот Елмир пак како да бил на некој забрзан тренинг камп во кој пред се му објасниле дека ако се сака се се може. Браво ! Браво и за Ојлевски и Маџовски, браво за Павлетиќ, за Обрадовиќ за Кукоски. Браво за Секељи, кошаркарските коментатори би рекле “Рутинер”.

На крајот за Бабиќ. Бабиќу сега ја вршиш работата како што сите сакаме. Биди така. Знаеше добро дека телефонските линии во дирекцијата на Пелистер се вцрвенети, а ти покажа дека под притисок добро работиш.

07.12.2021 Под Тумбе Кафе

ЕХФ Европска лига

Пелистер 31 Спортинг 25

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...