Star Trek: The Next Generation

Star Trek: The Next Generation е американска научно-фантастична телевизиска серија создадена од Џин Роденбери. Првично се емитуваше од 28 септември 1987 до 23 мај 1994 година опфаќајќи 178 епизоди во седум сезони. Репликата која ја обележи оваа франшиза беше:

Space: the final frontier. These are the voyages of the starship Enterprise. Its continuing mission: to explore strange new worlds, to seek out new life and new civilizations, to boldly go where no one has gone before.

Во неделата вечер, тивка во македонската ракометна јавност, во Будимпешта, омилената туристичка дестинација на македонците, се одигра натревар помеѓу добро познатите и апсолутни фаворити Исланд и ракометните анонимуси Холандија. И кога на некој кој не го гледал натпреварот, ќе му речам дека гледав атомски ракомет, ракомет на новата генерација, се сомневам дека ќе ми верува.

Но. тој натпревар, посебно второто полувреме, треба да се изучува на спортските академии. Ракомет на ново поинакво ниво.

Неколку моменти ме фасцинираа, играчите и едните и другите, не превисоки, највисоките едвај 198 или слично, подвижни, снажни, исклучително брзи. Топката побрза од окото, нападите како на филмска лента. Играчите на Исланд, да ѕвезди, но лалињава ? Тренерот на лалињата, шеста година ги води, викингшкиот, петта година ги води?!

Капа доле за сите, Вие сте иднината на ракометот. Ваква динамика, како на НБА натпревар, со страшна реализација па дури и атрактивност, не очекував. Ракометот храбро оди каде досега не бил. БРАВО !

Реализацијата на удари кај Исланд 71% со само 9 изгубени топки, кај Холандија 70% со 11 изгубени топки.

Во понеделник Македонија го завршува својот настап на ова првенство. Во вторник следете не на нашиот YouTube канал, ќе зборуваме меѓудругото и за брзината и за процентите (Македонија има реализација на удари 60%) и за изгубените топки (Македонија има 15 по натпревар). И како што Ѓоргон во својата колумна вели, Резултатскиот притисок од пласманот на нашите момци на ова ЕП веќе го нема, да уживаме во врвен ракомет!

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...