ФУРИОЗНО !

На лицата на Маке и Кање, хероите наши од епските денови на Вардар, ја видов најискрената насмевка. Радоста од победата против апсолутните фаворити Данска, беше огромна.

Иако натпреварот почна исклучително нервозно со огромен број на изгубени топки, со апсолутна доминација на голманите, во која Ландин беше за нијанса подобар, сепак крајот беше спектакуларен.

Данците имаа контрола на натпреварот. Играа одлично, Ландин бранеше скоро се. И како на момент да ја видов онаа иста надменост која ги чинеше едни други викинзи, норвежаните, полуфинале. Како одминуваше натпреварот, врелата медитеранска крв стануваше се поголем проблем за студените и ладнокрвни данци.

Па што се случи? Како што велат нашите горни соседи, Без старца нема ударца, така конците во свои раце ги зема Кањелас. Жестокиот Македа и буквално фуриозниот Гомез, Де Варгас на голот и чудесната одбрана им ја земаа мерката, да на “Надмените”.

Во второто полувреме за наплата дојде и калкулацијата со неиграњето на главните против Франција. Па така безгрешниот и без полемика еден од најдобрите во доаѓање десни бекови, Гидсел, неможеше да погоди. Така беше и со крилата. Да феноменалниот Хансен имаше безброј асистенции и беспрекорна реализација на седмерците но тој овојпат не го водеше орото. Впрочем ова повеќе со страста и жестината наликуваше на Фламенко.

Јакобсен беше бесен но беспомошен, при што на последниот тајмаут тој рече, го цитирам:

I næste angreb skal vi score, men vi skal også forsvare!

Тоа не се случи! Па шпанците со енергијата со стрпливоста, со користењето на сите расположиви снаги, па дури и со убавината во едноставноста заслужено се во финале. Можноста за триплетата се насмевнува.

Црвено жолти Вие сте моите фаворити!

28.01.2022 Будимпешта, ЕХФ ЕУРО 2022

Шпанија 29 Данска 25

ФОТО ЕХФ

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...