Вардар како Титаник !

Никој неможеше ниту да наслути дека Вардар ќе тоне со брзината со која тонеше Титаник. Дури и поразите во последните неколку натпревари беа во една донекаде пристојна игра.

Но вечерва во Хрватска, го допре дното.

Иако најавите за овој меч одеа дотаму дека Загреб ќе се служи со прљавштини, реалноста е сосема поинаква. Ниту промената на салата заради поголем притисок од публиката ниту судењето не беа виновни.

Во салата една мала група сосила донесени локални навивачи и неколку македонски иселеници сигурно не создаваа притисок. Судењето иако на ниско квалитативно и авторитативно ниво, сепак коректно.

Впрочем ова беше еден од најлошите натпревари во лигата на шампионите со сигурност. Ниту Загреб ниту Вардар не прикажаа игра со која може да се пофалат.

За поразот е виновен Вардар, или тренерот на Вардар?

Вујовќ, како Бабиќ од пред некој месец, загубен во ротацијата. Ниту знаеше ниту имаше визија што треба да прави. Полека но сигурно половината која не се сложуваше со неговото ангажирање станува две третини. Ако не и повеќе. На пример двајца играчи кои оставија одличен впечаток во минатата утакмица, Талески и Кудуз, преседеа на клупа. Тајмаутите за потврда на тезата на Бице, секогаш со контраефект, а овојпат можеби и со промашен тајминг.

Па добро бре човеку што работите на тренинзи? Вардар имаше сто шанси да зголеми на три во второто полуврема, кога еден сегмент, одбраната, делуваше конечно квалитетно. За 20 минути примија едвај 2-3 голови. Но потоа до крај ги примија сите !

Играта на Вардар посебно во фазата на напад практично и неможе да се опише. Тоа е еда таква конфузија во која мислам дека и подобрите познавачи на ракометот нема да се снајдат. Немоќта да се креира вишок, да се додаде без грешка, да се нападне од крило, да се распали од девет е повеќе од очигледна. Дали за тоа е виновна селекцијата на играчите, тренажниот процес или нешто друго времето ќе покаже.

На една прес конференција, Тимур кажа дека ако имаш играчи, добар тренер и ако добро работиш резулатите ќе дојдат. На тој човек со две титули и со преку илјадарка во ЛШ треба да му се верува. А кога и нему не му оди се од рака тогаш се отвараат прашањата.

За Вардар во ЛШ следи пауза, добродојдена ќе биде сигурна. А на 18 ти следи дербито со Пелистер кој маршира со високо кренати колена.

08.12.2021 Сутинска така нешто … негде во Хрватска

ЕХФ Лига на Шампиони

Загреб 23 Вардар 22

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...