За почеток го искажувам своето задоволство кон МРТ и можноста да го погледнеме овој натпревар со спортски коментар на големите екрани. Забележувам дека сите натпревари во организација на РФМ, вклучувајќи ги и младинските категории, имаме можност да ги гледаме и на YouTube платформата. Но сепак телевизија е телевизија, нели?
Но дали така беше? Пренос со една камера, без можност за репетиција на интересни моменти. Без графичка подршка за резултат, изминато време, казни. Фокусот на камерата подзагубен, пола екран во магла?! Па дали е ова можно???
Одговорот станува небитен во моментот кога разбираме за каков врвен аматеризам станува збор. СРАМОТА ! Македонска Радио Телевизија …
За среќа пак денес имавме исклучителна можност да гледаме еден многу интересен, а на крајот и прилично возбудлив натпревар.
Па би сакал да се заблагодарам на Пелистер 2 и Бутел што воопшто постојат. Нивните два сосем различни концепти како по зацртани цели, по селекција на играчи така и по тактички решенија, денеска ни овозможија во ова врнежливо попладне да уживаме во македонскиот ракомет.
Им се заблагодарувам и на довербата кон двајца исклучителни тренери кои денеска одиграа нешто налик на шаховска партија. И Ацо и Кики, лимитирани во своите ростери денеска влечеа потези од рангот на највисоките ракометни тренерски величини.
Ако Кики Грчевски изненади со двата пикери, длабоката зона и цврстата но исклучително коректна одбрана, Ацо Јовиќ возврати со брз run and gun ракомет но во последните моменти и со една шокантно длабока до центар одбрамбена зона која за влакно не му донесе изненадување и пресврт.
Можам да признаам дека се радував на секој гол и на секоја асистенција на Митев, браќата Атанасијевиќ, Ѓоргоски, па видов исклучителна партија и на Талески, одлично издание на Арсеновски. Играчи во потесниот но и поширокит ракурс на репрезентацијата на Македонија.
За разлика од дуелите на Вардар и Пелистер со останатите екипи, во кои нема многу мотив и енергија, дуелите на епипите во борбата за излез во европа навистина вредат.
05.03.2022 Битола, Македонија
Супер лига Разигрување.
Еурофарм Пелистер 2, 31 Бутел 32