Вардар можел !?

ФОТО СЕХА Лига Решивме овојпат да испиеме по една во Русија. За подршка на клубот, на семејството. За демонстрација на став. Има повеќе предности, да се биде пред сала 2 часа пред натпревар. Голема е можноста да видиш голем број од актерите, да поразговараш со нив, да се сликаш, да видиш каква е атмосферата. Се […]
Свети Ракомет. Празник на сите спортови.

Фото ЕХФ Како што кажа Виктор во еден од претходните текстови, веќе сите по малку оладени од големата пауза која ни се случи чекајки го финалниот турнир во ракомет, веќе со мислите спремни за плажа и ладно пиво некако го дочекавме најпознатиот и најпосакуваниот ракометен викенд. Лично јас, бев по малку скептик каков ракомет ќе […]
Lumberjacks failed или како Киелце го победи Веспрем

Првиот полуфинален дуел траеше цела вечност. Во првото полувреме уживавме во најубавото од ракометот. Одличен напад, преубави голови, жестока одбрана, и голмански интервенции. Киелце на моменти блескаше но впечаток беше дека освен Алекс и пикерите, останатите како да беа во грч. Унгарците пак го имаа на голот феноменалниот Коралес, разиграните Лауге, Штрлек, Ненадиќ, Јахија, па […]
Север и Југ !

Фото ЕХФ Епските битки имаат вовед. Оваа не, не можеше ниту да се наслути дека ќе се претвори во битка уште помалку во епска! Магдебург важеше безмалку за апсолутен фавотит. Тие така и се однесуваа, во полуфиналето со Нексе, не ги испукаа своите адути. Португалците пак, срамежливо ја наметнаа својата амбиција уште со ангажманот околу […]
За ЕХФ, всушност и УЕФА и ЕУ

Фото ЕХФ Има една стара која вели, 100 пати повторена лага станува вистина. Митот за големината на Европа, од цивилизациски, техничко технолошки, хуман, морален карактер, полека се разоткрива. Европа е гнила, морално пред се, и полека од позадината се гледа нејзината неспособност. Пред неколку години бевме сведоци на очајната организација на настанот на векот во […]
3 Венчавки и Погреб

Возев утрово накај Радожда, македонската врвна дестинација за дегустација на ендемичната пастрмка која е во изумирање и се обидував да најдам совршен опис за вчерашниот натпревар во култната Блауграна, која патем речено слави јубилеј. Не, неуспеав. Впрочем проблемот произлезе од премалкуте впечатоци за играта, а преголемиот шок предизвикан од атмосферата. Па некако вака се обидував […]
КУПОТ ВО ПОЛН СЈАЈ !?

Фото ЖРК Металург Почнувам со горчливиот вкус на очајната организација !!! Повторно како и во Скопје, организаторите, дозволија насилството да ги добие своите 5 минути. Неможам да разберам како е можно на финале на куп да влезат навивачи со палки, железни шипки и пиротехнички арсенал. Па ние една пластична вувузела неможеме да внесеме, ние обичните […]
На запад ништо ново, 2 дел

Можеби еден од најдобрите воени романи во литературата, се занимава со војната, рововите, но најважно од се, со човекот, неговиот карактер и судбината. Синоќешните два натпревари во многу елементи споредливи со воената вештина и стратегија. Атомски ракомет, врвно темпо, одлични поединци. Во првиот, со голема радост ние македонците го проследивме враќањето на Деки, Манасков се […]
На запад ништо ново

Во првиот четвртфинален ден бевме сведоци на две вистини. Првата, Барселона е голема екипа и ќе треба да се појават вистински мажи за да ја симнат од тронот. Оддалеку наслутувам за првпат во современава историја можност некој да ја одбрани титулата. Тие играат еден безмалку перфектен ракомет. Фантастична одбрана која противниците ги тера да шутираат […]
Без сеизмичка активност во Пелагонија

Фото Кочо Сотировски Ќе почнам од крајот. Некаде околу полноќ во Скопје пристигнаа ракометарите на Вардар. Беа пречекани од своите верни навивачи. Неколку стотина комити беа сведоци на огромната радост на вардаровите играчи. Капитенот водеше, сите останати уживаа. Уште неколкумина беа во главната улога. Куни Моралес високо на второ место, Тале Мајсторе, е новата парола. […]
