SEHA, we have a problem

Дали на повидок е конечната разрешница околу иднината на учеството на македонските клубови во СЕХА лигата. Пред само неколку денови како гром од ведро небо стигна одлуката на РФМ да ги повлече службените лица од СЕХА. Вчера уште поснажен беше тресокот по забраната на Вардар да настапува на Ф4. Изминативе години во повеќе наврати СЕХА […]

За македонскиот ракомет !

На почетокот на јули, најавивме жешко лето ! Така и би, писаниево, ќе го започнам од крајот. Претседателот ја прими кадетската селекција. Се изнасликаа и им упатија многу честитки за успех во нивните кариери. Ниту знаел претседателот, ниту во иднина ќе знае каде се овие девојки и во какви услови тренираат и играат. Девојките предводени […]

Резиме, Македонија W19

Благодарение на континуираното залагање на Ракометната Федерација на Македонија, Македонија повторно беше домаќин на едно европско натпреварување. Шанса на домашен терен да ги искажат своите квалитети индивидуални и тимски имаа девојките на според новата терминологија W19 EHF Championship. Или по наше Б Европско првенство. Откако во фазата по групи одиграа за една победа, едно реми […]

Македонија У19

Денеска во Скопје во сега веќе историската, а под велот на таинственоста околу преземањето на сопственоста, Јане Сандански, започна ЕХФ шампионатот за млади категории. Девојките од 8 земји заедно со домаќинките, репрезентацијата на Македонија, ќе се борат за билет за елитното друштво. Нас одамна таму не нема, а според времето за подготовки, процесот на селекција, […]

2021 ЖЕШКО ЛЕТО

Како никогаш досега чинам летово носи одговори на неколку интересни ракометни прашања. За македонската сцена размислувам секако. Дали Македонија е најракометната нација или во недостаток на успеси во другите спортови едноставно го засакавме ракометот? Дали развојот на ракометот и ракометарите е во правилна насока? Дали и покрај одличното работење на федерацијата сепак недостасува final touch […]

Успех е кога играчите те следат !

Во првиот дел од интервјуто со Иван разговаравме за Металург, за играта во одбрана и напад, во вториот дел пак откриваме кои карактеристики треба да ги имаат ракометарите но уште поважно современите модерни тренери ! СР Често разговарате со играчите вон тренингот. Иван Марковски Работата на тренерот не е само да го одработиш тренингот во […]

Дисциплината е основен фактор !

Интервју со Иван Марковски, легендарното македонско крило, претставник на новиот бран македонски ракометни стратези. 1/2 дел СР (Само Ракомет) Како Иван стигна во Металург? Иван Марковски Кога преседателот на клубот ( Зорица Блажевска ) ме контактираше знаев дека понудата за тренер на Металург е тука на маса што се вели, сакав да разговараме да ги […]

Иван Марковски за ЕХФ Ф4

Во еден искличително интензивен период, во кој Иван Марковски ја комплетира одбраната на Мастер Коуч дипломата и со сите сили се обидува да создаде респектабилен Металург за следната сезона, ни направи исклучителна чест и привилегија да го чуеме неговиот осврт за ЕХФ Финалето во Лигата на Шампиони. Барселона во своето 15 финале го освои својот […]

Чиста десетка !

Во една од своите најдоминантни сезони во ЕХФ лигата на шампиони, ракометната секција на славниот фудбалски гигант од Каталонија, Барселона, ја освои својата 10 та европска тутула. Респект, 20 натпревари и 20 победи. Последната и најважната во финалето вчера против апсолутните но бесконечно симпатични аутсајдери Олбор. Финалето за нас засенето од историскиот деби за Македонија […]

Вардар Шампион

За добрите познавачи на ракометот и состојбите во Македонија, можеби немало дилема. За сите нас останати, почетокот на оваа по се не нормална сезона, со извесна неизвесност. Како нигогаш досега три клуба нескриено ги презентираа своите амбиции за тронот. Да почнам од Битола. Еден од најракометните градови во Македонија. Со озваничување на Битолската ракометна платформа, […]