ЈАМБ ВО НАЈАВА, 28.09.21-03.10.21

Неделава фокусот на Лигата на Шампиони но и на Македонската Лига. Огромен број на одлични дуели и во македонските лиги.

29.09.2021 18.45 ч Вардар го пречекува Олбор ЕХФ ЛШ

Прв вистински тест за Вардар. Вујовиќ и Дибиров со подготвен одговор за вицешампионот. Публиката полека се враќа во салите. Се е подготвено за спектакл.

29.09.2021 18.45 ч Веспрем Барса ЕХФ ЛШ

Интересен дуел од другата група. Веспрем разнишан а Барса самоуверена.

30.09.2021 20.45 ч Монпеље Киел ЕХФ ЛШ

Дуел на два тима од вардаровата група. Кил почна сигурно и ја наговести борбата за врвот. Со французите никогаш не си на сигурно.

02.10.2021 16.00 ч Металург Струга Супер Лига Македонија

Делува како за Металург сезоната подобро воопшто да не почнеше. Некогашниот ракометен бренд го допре дното. Нема пари, нема играчи, нема ни победа. Дали она малку од ростерот и стручниот штаб кој не се откажува може да се крене од пепелта?

03.10.2021 РК Алкалоид РК Астарион Прва Македонска Лига

Го насочуваме вниманието полека и кон првата лига. Таму неколку интересни клубови.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...