Дисциплината е основен фактор !

Интервју со Иван Марковски, легендарното македонско крило, претставник на новиот бран македонски ракометни стратези. 1/2 дел

СР (Само Ракомет) Како Иван стигна во Металург?

Иван Марковски Кога преседателот на клубот ( Зорица Блажевска ) ме контактираше знаев дека понудата за тренер на Металург е тука на маса што се вели, сакав да разговараме да ги слушнам амбициите на клубот, нејзните и очекувањата, во една ситуација каква што беше Металург во тој момент. Од првиот момент ја осетив позитивната енергија и заедничката амбиција и рековме дека заедно ке го враќаме Металург каде и релано му е местото, во врвот на Македонскиот ракомет.

СР Ситуацијата финансиска па и играчка воопшто не беше сјајна, Металург отпушти сезонава ако не грешам 4 тренери, Кастратовиќ па еден србин, привремени решенија беа Димитриоски и Глигоров, се чини столчето пожешко и од она на репрезентацијата.

Иван Марковски Клубот имаше една турбулентна сезона, ја започнаа со еден а ја завршија со сосема друг играчки кадар, сигурно дека моментот кога дојдов не беше баш најидеален. Но во ниеден момент не се сомневав, прво во себе и визијата која ја имав, ниту пак предизвикот со кој се соочив, едноставно нешто во главата ми велеше дека и овај играчки потенцијал кој остана Металург во тој момент не е толку слаб колку што беше излезен од еден систем на работа. 

СР Еден од условите за соработка со Металург беше и ангажирањето кондициски тренер Златко Јанакиевски, ќе има ли Металург подолга стручна клупа?

Иван Марковски Кога ја добив понудата од Металург следнито разговор беше со Злате. Едноставно неизмерно му верувам на мајсторот. Ми беше тренер уште во играчките денови. Да, беше еден од условите да ја прифатам работата и денес секој сериозен клуб а Металург е сигурно тоа, мора да има тренер кој ке се грижи за физичката подготовка на играчите. Не е исклучено да го зголемиме стручниот кадар во екипата но во овој момент имаме други приоритети.

СР Како треба да изгледа ивановиот Металург?

Иван Марковски Металург ќе игра брз, модерен и атрактивен ракомет. Во мојата визија, или како јас сакам да изгледаме во овој краток период покажавме како ќе наликуваме во иднина. Сериозна екипа мора да има повеќе од една одбрана , квалитетна и брза транзиција ( лесни голови ) и разноврсност во нападот. Ракометот е колективна игра која има свои принципи, а принципите мора да се почитуваат. Ќе воспоставиме систем во кој ќе играат само тие што ќе го почитуваат системот, уверен сум во тоа.

СР Ги гледавте натпреварите на Металург пред да дојдете, видовте ли потенцијал?

Иван Марковски Ги пратев речиси сите натпревари на Металург, посебно во Европската лига. Кога седнав на клупата како прв тренер ги изгледав последните натпревари од домашното првенство, посебно со играчкиот кадар што располагав. И предходно реков дека еден од условоите да ја прифатам работата беше и мојата проценка дека екипата има потенцијал за повеке од тогашната позиција и форма во која беше екипта.

СР Како спиеше Иван, после првиот натпревар ако не се лажам загубивте?

Иван Марковски Мојот прв натпревар беше против Еурофарм Пелистер 2 само неколку дена по назначувањето и не изгубивме туку тргнавме со победа и искрен да бидам немав баш некој сон, и то беше нормално. Доаѓате во нова екипа, треба да ја насочите екипата во еден друг ситем, да победувате и да ги уверите играчите дека само со работа се надминуваат проблемите. Дека само така играчите ќе напредуваат.

СР Дали сте задоволни од досега покажаното, јавноста се чини дека примети големи промени во тимот?

Иван Марковски Морам да го изразам моето задоволство од постигнатото во овој краток период. Заедно со Злате си поставивме една јасна цел, да извадиме максимум од секој играч со кој располагаме, а квалитетната работа мора да даде резултат. За наша среќа процесот на прилагодување траше кратко и екипата влезе во системот, тие се сите квалитетни играчи и професионалци и брзо го прифатија мојот начин на работа иако сметам дека можевме уште многу повеќе, лимитот на оваа екипа не е достигнат.

СР Кои се целите на Металург за следната година?

Иван Марковски Металург е голем македонски ракометен бренд и се освен атакување на првите три места во домашното превенство и влез во групната фаза на ЕЛ ќе биде надвор од амбициите на клубот. Ќе бидеме сериозен противник на Вардар и Еурофарм, примарна цел ќе биде излез во Европа, а ако ни се отвори шанса за едно од двете први места сигурно дека ќе ја искористиме, а третото место е релност.

СР Кои се вашите лични цели?

Иван Марковски Јас сум релативно млад тренер и единствено што сакам во овој момент е да напредувам и да го стекнувам потребното искуство кое е многу важно во развојот на еден модерен тренер. Во јуни месец ја добивам Мастер Лиценцата за која сметам дека не е пресудна да бидеш добар тренер и нема да ве направи најдобар, но добро е да ја имате. Играчите со кои работам знаат дека не сум суетен и дека секогаш сакам да го слушнам нивното мислење, разговарам со нив и разменувам мислења. Знаете секогаш е добро да се слушне нечие мислење и секогаш може да научите нешто дури и од играчите со кои работите.

СР Сите зборуваат за систем, кои се основните елементи во ракометниот систем на Марковски?

Иван Марковски Во една прилика кошаркарскиот стручњак Жељко Обрадовиќ ( кој неизмерно го ценам ) изјави “ Ако си дел од системот играш ако не си дел од системот не играш “ Значи според мене систем на работа е спорведување на идејата или визијата на тренерот како сака да игра или изгледа неговата екипа. Секој систем си има свои принципи и правила који мора да се почитуваат. За да спроведете свој систем на работа дисциплината е основен фактор, техничката база на играчот или познавањето на основните елементи од ракометната игра е исто така важен елемент бидејќи ако не сте технички спремни не можете да работите тактика. И најважното, да ги уверите играчите да веруваат во тоа што го работите односно да веруваат во вашата визија и идеја и зошто тоа е продуктивно за вашата екипа. Нормално системот на работа го прилагодувате и врз профилот на играчи кој го имате во екипата.  

СР Дали е тоа балкански, шпански или скандинавски, или нешто различно?

Иван Марковски Мислам дека не форсираме нечиј систем на работа. Јас така го гледам тоа, модерниот ракомет денес е комбинација од сите овие системи кои ги наведовте. Јас ја прилагодувам екипата на профилот на играчи со кој располагам во моментот.

СР Како ќе игра Металург во напад следната сезона?

Иван Марковски Со доведувањето на браќата Њокас сигурно дека ке играме атрактивен ракомет, брз со што одговара и начинот на нивната игра, но бидете сигурни дека играта во напад ќе ја базираме на колективот, а колективната игра да го исфли поединецот. Тоа беше секогаш во мојата визија така ќе биди во следниот период.

СР Дали ќе гледаме 7 на 6?

Иван Марковски 7 на 6 не е исклучено да биде уште една новина во следната сезона. Јас искрено не сум размислувал многу за тој напад бидејќи мора да исполнувате и некои критериуми за да го играте тоа. Ние немавме ни многу време да го уигруваме тој начин на игра, а и перформансот на одредени позиции не ни го дозволуваше тоа.

СР Колку трчањето е важно во денешниот ракомет? 

Иван Марковски Многу битен сегмент во денешниот ракомет. Ако не сте добро физички спреми а и тркачки не можете да играте квалитетна одбрана а со тоа нема ни да имате ни квалитетна транзиција или чиста контра напад. Па затоа сметам дека е основен и важен сегмент во модерниот ракомет.

СР Сака ли Иван Металург да трча?

Иван Марковски Мислам дека кога ја спомнавте промената во Металург од моето доаѓање евидентно е дека сакам мојата екипа да трча. Да ќе го барам тоа и во иднина од моите играчи.

СР Ќе играте на гол повеќе или секој натпревар ќе биде битка за себе?

Иван Марковски Сакам да бидеме препознатливи по начиот на нашата игра, ракометот е игра во која победува екипата која ќе постигне гол повеќе и тоа ке биди примарно ( да победуваме на секој натпревар ). Металург е екипа која е дополнителен мотив за сите екипи во нашата конкуренција, ќе има и натпревари кои ќе бидат битка за себе.

СР Со новините во ростерот некако се отвараат повеќе опции, бекови шутери но и кретаивни брзи, одлични крила само на пикери многу младост.

Иван Марковски Екипата сеуште ја комплетираме и има отворени неколку позиции. Во овој момент мое лично мислење е дека сме премногу млади и неискусни на позицијата пивот. И Митиќ и Лазаревски се добар потенцијал но ни треба поискусен пивот, така и тие ќе се надоградуваат и ќе бидат покомплетни во сезоните кои доагаат.

СР Колку време подготвувате еден натпревар и кој е Вашиот најдобар советник?

Иван Марковски Се спремам за секој следен натпревар, не гледам толку далеку туку за секој следен. Веднаш после последниот натпревар следи припрема за наредниот, значи нема многу време. Тековната недела или еден микро циклус е припрема за следниот предизвик. 

СР Дали Иван се држи цврсто до планот за натпревар или има и импровизации?

Иван Марковски Во принцип сум перфекционист и сакам да се држиме до планот и припремата за секој следен натпревар. Има и натпревари кога импровизицијата е неминовна но тоа е составен дел од спортот.

СР Се префрламе на одбраната. Кога почнува одбраната?

Иван Марковски Со последниот упатен шут на голот во напад почнува одбраната, односно враќањето назад и поставувањето во одбрамбена формација.

СР Во неформалните разговори често зборувавме за одбраната, Металург ќе се брани со 6-0, 5-1 или ?

Иван Марковски На почетокот реков и стојам на истото дека секоја сериозна екипа мора да има и да спреми повеќе од една одбрана. Металург ке игра 6-0 и 5-1 … ја сакам и 3:2:1 одбраната, но за тоа треба време и профил на играчи за да ја играте. Ќе видиме, во периодот кој доаѓа ќе размислам и за таа одбрана плус или ќе останеме на постоечките две.

СР Плитката зона 6-0 како да изумира.

Иван Марковски Новата модификација на 6-0 одбрана нуди можност за поагресивна одбрана и тоа според мене е добро. Плитката 6-0 не мислам дека изумира туку дека се модифицира, во зависност од профилот на екипата со која играте можете и двете модификации да ги играте, тое е проценка на тренерот.

СР Фаул, моја омилена тема после дуелот Вардар Елверум, кога Вардар не успеа да направи повеке од 3-4 фаули и прими 35 голови од кој последниот во последните секунди.

Иван Марковски Многу чест израз во моите припреми пред натпревар или за време на тренинг е Фаулот. Во денешниот ракомет секогаш кога има можност или шанса да направите прекин или фаул направетето го тоа. Јас секогаш го барам тоа од моите играчи. Не сум поборник на блокерска одбрана туку контакт игра и тоа ќе биде приоритет за мене во одбраната на новиот Металруг.

СР Изумираат ли одбранбените играчи ?

Иван Марковски Мислам дека секоја екипа има свои специјалисти за одбрана, тој тренд ќе продолжи и понатаму.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...