Денеска во Скопје во сега веќе историската, а под велот на таинственоста околу преземањето на сопственоста, Јане Сандански, започна ЕХФ шампионатот за млади категории. Девојките од 8 земји заедно со домаќинките, репрезентацијата на Македонија, ќе се борат за билет за елитното друштво.
Нас одамна таму не нема, а според времето за подготовки, процесот на селекција, како и самиот припремен период во кој девојките не одиграа ниту еден меч заедно, шансите би ги свел на теоретски.
Дај боже да грешам!
Не дека немаме таленти, не дека немаме тренери, но периодот на пандемијата, во кој младинските лиги не играа безмалку година ипол, како и фијаското на претходниот стручен штаб, едноставно не ми дава за право да бидам оптимист.
Би сакал овој шампионат да го подигне нивото на defcon во РФМ, кога станува збор за женскиот ракомет, на единица.
Девојки од вечерва Ви предстои битката за Македонија, битката за женскиот ракомет ! Оставете и срце и душа и тело на терен, па нека победи…
Македонија !