Во првиот дел од интервјуто со Иван разговаравме за Металург, за играта во одбрана и напад, во вториот дел пак откриваме кои карактеристики треба да ги имаат ракометарите но уште поважно современите модерни тренери !
СР Често разговарате со играчите вон тренингот.
Иван Марковски Работата на тренерот не е само да го одработиш тренингот во тие саат и половина или два, туку и да комуницирате со играчите и да им бидете на располагање во секое време. Разговарам секогаш пред, за време и после тренингот. Секогаш кога играчот има потреба од разговор, совет или било што, стојам на нивно располагање, мислам дека така најдобро ќе го запознаете и каратктерот на играчот и неговата индивидуа.
СР На какви недостатоци наидовте кај играчите, посебно помладите, во Металург ?
Иван Марковски Основните или базичните елементи од ракометната игра ( фаќање, додавање на топката, основен став во одбрана итн). Во развојот на еден млад играч е многу битен тој период кога им ги всадуваме основите на ракометната игра. За жал младите доаѓаат во првите екипи со тој недостаток и тешко ги поправаат недостатоците. Сериозно треба да пристапиме кон тој проблем не само кај нас, туку и во сите младински или помали категории, само така тие ќе бидат спремни и ќе одговорат на предизвиците во првата екипа.
СР Како бирате играчи, и за во тимот и за постава на натпревар?
Иван Марковски Имам свој критериум за комплетен профил на играч, кај мене играат и ќе играат најспремните и тие кои ќе го почитуваат мојот систем на игра. Моменталната форма и перформансот ќе бидат приоритет за изборот на играчи на еден натпревар.
СР Кои особини треба да ги има еден модерен ракометар?
Иван Марковски Карактерно добра личност, работник, професионален кон работата која ја работи и позитивен во секоја смисла на зборот.
СР Колку во изборот е клучна статистиката на играчите?
Иван Марковски За мене статистиката се бројки кои можат да ви помогнат да ја видите моменталната форма на вашата екипа или играч. Да го дијагностицирате проблемот или прогресот во одбрана и напад. Денес во модерниот спорт е битен елемент од работата на тренерите. Јас ја користам во мојата работа и сметам дека е корисен сегмент.
СР Португалски стручнак Viktor Frade таткото на современата методологија на спортски тренинзи вели тренерот мора да биде лидер на тимот, да може да ги убеди играчите да ја следат неговата визија.
Иван Марковски Способноста на тренерот се гледа во тоа колку е способен да ги убеди и увери своите играчи да го следат во исполнувањето на својата визија, кога тоа ке го направиме сметам дека е успех …
СР Севкупно оценка за Металург за изминатава сезона
Иван Марковски Генерално услешна сезона. Се исполни примарната цел и излез во Европа, покрај сите турбуленции кои го зафатија клубот сите на некој начин си го дадоа придонесот за крајниот резултат. Јас и Злате посебно сме горди на екипата од моментот кога дојдовме бидејќи најдовме начин да ја им ја вратиме самодовербата и ги вратиме во еден систем на нормален тренажен процес, а тоа ни резултираше со местото кое го обезбедивме во Европа.
СР Вашата оцена за лигата, Вардар, Пелистер,
Иван Марковски Изедначена и интерсна во секој случај. Вардар и Пелистер беа чекор понапред од другите во однос на квалитетот на играчите и буџетот со кој располагаа, но се покажа дека и не заостануваме многу другите екипи што даде и доплонителен мотив за напредок и проближување до најдобрите.
СР Соработката со репрезентацијата, со селекторот, Металург е расадник на репрезентативци.
Иван Марковски Со новиот селектор и стручниот штаб имаме добра коорелација, разговараме и често разменуваме мислења за играчите кои имаат репрезентативен статус. Нормална комуникација која треба да имаат сите тренери.
СР Што би порачале за крај за младите ракометари и ракометарки?
Иван Марковски Да не одстапуваат од својата амбиција и да си постават јасни цели во иднина, само со работа и верба во тоа што го работат можат да постигнат врвни резултати.