По што ќе остане 2023 запаметена?

По израелскиот воздушен напад вчера во градот Газа се издигна пожар и чад. Фото: Фатима Шбаир/АП Ракометниот ракурс ми е во фокусот, оти оној другиот, хуманиот одамна ме разочара. А кога сум кај него, да се потсетиме дека Руско-Украинската војна сеуште трае, и повеќе од половина свет ги подбуцнува двете страни активно, да уништуваат и […]
Завесата за првиот чин спуштена, Ракометна Македонија се подготвува за Европското

Фото РК Алкалоид Во една исклучително интересна сезона по повеќе параметри, последна во овој формат, првиот дел заврши повеќе помалку според очекувањата. Во групата А, Алкалоид ја оправда улогата на фаворит, па со 14 од 14 сериозно ја наметна кандидатурата повторно за врвот. Со мала резерва, бидејќи форматот ги оддели од главните конкуренти Вардар и […]
8 причини зошто Ангеловски може да биде добро решение за Пелистер!

Фото РК Мултиесенс Прво, затоа што сме добри пријатели. Во светот на конекции и познанства, одамна е лицемерно да се затскриваат релациите. Второ многу позначајно од ова првото, е дека Пурино не живее од ракомет, напротив тој живее за ракометот! Сериозна предност и дистинкција од голем број ракометни глобтротери кои многу повеќе размислуваат за иднината […]
Ракометен триптих

Во два дена имавме прилика да видиме, неколку во најава интересни дуели. Дали навистина беше така? Ракометната женска репрезентација на Македонија по мнооогу долг период има прилика да се квалификува на големо натпреварување сама. Исклучително важен циклус за враќање на довербата во женскиот ракомет и уште поважно за отварање тема Професионализам. Шокантно беше да се […]
Ако одам во Битола …

Фото РК Еурофарм Пелистер Паузава од Лигата на Шампиони добродојдена. Да се погледне од позиција кога водата е избистрена. Иако кога станува збор за Ракомет и за Битола, практично е невозможна таква состојба. Натпреварот со Кил, на некој начин многумина го видоа како лечење на раните од првите две кола. Долго Пелистер беше во игра, […]
Струга версус Добој

Фото Точка Зошто во Добој гостува Барселона а во Струга Панчево?Искрено не сум бил ни во Панчево ни во Барселона но разликата е значајна. Да почнам најпрво од пресот, иако уредно најавен со поканети десетици редакции во АМС на 8 кат, никако неможеше да почне. Столчиња недоволно, како да знаеле дека едвам 2-3 новинари ќе […]
Илинденски предизвици

Фото Ласко Џуровски Денес е најголемиот Македонски празник ИЛИНДЕН, а зборови тешки ме мачат. Освртот треба да биде ракометен а не политички. Но тешко е Македонците се исправени пред страшни предизвици, со векови се обидуваат да не асимилираат, премислат, одвратат, убијат, затворат, разделат … боли колку мака има овој мал народ истрпено. Со годините и […]
Долго топло ракометно лето

Во далечната 1989 година, во продукција на Кроација Рекордс е издаден еден хит, сега веќе легендареn, “Дуго топло љето почиње”, во изведба на Џаволи. Летото и легендарноста се темите кои деновиве ме окупираат. Летото поради сиот свој пекол, легендарноста поради големиот број Македонски ракометни легенди кои во краток период се престроија и прекомандуваа. Почнувам од […]
Kраток ракометен брифинг

Фото РФМ Сезоната која измина, на домашно, европско и светско “тло” од ракурс на македонскиот ракомет, подоткри една низа знаени и незнаени недостатоци. Дел системски, дел стекнати, дел наметнати. ЕХФ пак, таква каква што е, елитистичка, спора, тромава и кусогледа, го разоткри своето лице уште повеќе. Неможам да ги оттргнам мислите од последниот Ф4. Навистина […]
ГОТОВО Е !

Фото РК Еурофарм Пелистер Пелистер е ракометен Шампион на Македонија. А ракометната сцена, со поинаква сценографија, со нови ликови во главните ролји, нови режисерски имиња. Титулата беше освоена во Битола, на сите им беше јасно дека ерата на Вардар заврши. Просто некако природно се поставуваа работите. Во обид да ги прогнозираме и предвидиме настаните, што […]
