Ако одам во Битола …

Фото РК Еурофарм Пелистер

Паузава од Лигата на Шампиони добродојдена.

Да се погледне од позиција кога водата е избистрена. Иако кога станува збор за Ракомет и за Битола, практично е невозможна таква состојба.

Натпреварот со Кил, на некој начин многумина го видоа како лечење на раните од првите две кола. Долго Пелистер беше во игра, практично до последните три напади, во кои еден од моите јунаци во надоаѓање имаше се што треба, сем спортска среќа, па наместо серија од 3 погодоци, за жал немавме ниту 1. Делуваше дека Кил се извлече. Но дали навистина беше така?

Имав прилика да го гледам Кил во Загреб, сериозна машка екипа, моќна, Но нешто сепак и таму чудно се случува. Изгубија еден куп натпревари, изгубија од Вецлар, Јиха не стана од клупата во Битола, делуваше подзагубено, а прилично необично беше како еден таков гигант имаше толку промашени удари. Дека беа импресионирани од атмосферата сигурно беа, но дали навистина Пелистер конечно изигра вистински ракомет?

Длабинската анализа на состојбите во ракометна Битола несомнено би била долга. Верувам дека некој и ја работи. Но неспорен факт е дека нив им недостасува трпеливост. И тоа во сите сегменти. Управа, клупа и конечно публика. Еуфоријата од симнувањето на Вардар од тронот сеуште трае. На некои структури, а тоа е прилично читко во некои изјави и надменоста им станува сериозна пречка во објективното расудување.

Пелистер ја има таа несреќа да е во Македонија и да е во град кој не е главниот. Ако истата таква географска позиција на северните клубови им дава предност кај нас секако е недостаток. Лоша инфраструктура, слаба државна и регионална подршка, немање капацитети за прифаќање на децата од странците, несигурноста која ги тера играчите да потпишуваат краткорочни договори, влечам црта со договорто на Дибиров на почетокот на создавањето на Вардар кој беше долгорочен, и ред други не ракометни фактори кои влијаат.

Аманетот оставен на семејството да се грижи за клубот, исклучителен, но дали создава притисок и понекогаш резултира со неправилни и избрзани потези. Дали љубовта кон ракометот и кон Пелистер е подеднаква во сите нивоа?

Прашања за кои одговорите ќе следат низ целата оваа сезона и секако по разврската во домашното првенство и во Лигата на шампионите.

Од исклучително значење е Пелистер да освои бодови, во спротивно демоните ќе се разбудат.

… Ќе прошетам по Широк Сокак, кафе ќе се напијам …

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...