Бутел немоќен, судиите Европeиски ?

Прелетувам преку сајтовите на Бутел и Алпла Хард, тие вчера го одиграа реваншот. Натпреварот се играше во Борис Трајковски, пред симпатична публика и по енергија и по бројност. Констатиравме дека на Скопје му треба сала со капацитет од 1000-2000, гледачи.

Неоценувајќи ја естетиката и вештината на веб дизајнерот, застанувам кај секцијата спонзори. Бутел има 10, австријците 95, повторувам 95 и згора на тоа уште 25 партнери на клубот.

Ги гледав Бутел со Вардар, имав прилика кратко да поразговарам со Грчевски за австријциве, вели, човеку екипа се !

Се понатаму што ќе биде речено ќе биде излитено и излишно, секоја статистика секоја забелешка. Ние создаваме таленти, тешко играчи, создаваме амбиент не и услови, создаваме тимови не и екипи.

Моето пак внимание го освои омилената ми ЕХФ. Навистина ама навистина не ми е јасно каков критериум имаа при изборот на бугарските судии. Се воделе по квалитет, локација, младост, харизматичност или повторно ни праќаат порака?

Од друга страна, публиката одлично се забавуваше, судиите беа на репертоарот. И не само заради нивнoто етничко потекло, но и поради елементарното непознавање на ракометот и очигледната намера да судат во корист на хабсбурговците.

ЕХФ повторно ти се смееме.

Сакам да ги пофалам Бутелчани сепак, играа до крај, без малодушност, полудени од одлуките на двајцава недефинирани, пробаа скоро се. Грчевски ротираше, менуваше одбрана, играше агресивно но сепак нашите бекови ја загубија битката а со тоа и војната. Згора на се во воведниот дел и ракометниот Пижон имаше премногу одбранети зицери.

За крај и огненото дерби на малиот Субашевски со 4/4 за одлична промоција во светот на ракометот за големи.

Во Скопје, очекувано, Бутел загуби од Алпла Хард, и не успеа да се пласира во групите од ЛЕ. Таму, во колевката на либерлните, за нас неразбрани, практики, Македонија годинава само со еден тим.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...