Фото РФМ
БУКУРЕШТ
Реванш бараж натпревар за пласман на светско првенство 2023
Ова беше:
Натпревар кој што треба да го заборавиме брзо. И играта и резултатот. Се паметат оние од Скопје. И играта и резултатот.
Натпревар кој што можеби ќе си го памети само Атанасијевиќ. Си го постигна својот деби гол за А селекција, па веднаш потоа и вториот. Дечкото е супер талент и голема надеж и си ги оправда добиените минути во целост.
Натпревар кој што можеше само Македонија да го изгуби, но не и Романија да го добие. Иако на крај сепак се бележи како победа за Романија, тоа беше така, само затоа што ние им дозволивме. А им дозволивме затоа што ни се можеше.
Натпревар кој што Македонија мораше да го одигра и покрај веќе речиси обезбедениот втор круг од бараж. Натпревар во кој што нашата мотивација беше загубена како загубен багаж уште на скопскиот аеродром, но и натпревар кој што го одигравме и “добивме” на искуство. Што е сепак уште една придобивка за овој тим. Впрочем за секој тим. Не би се осмелил да давам статистички податоци, ама тие сите беа во сива боја, односно во сивило. Многу изгубени топки на двете страни, многу промашени зицери, грешки во додавања, топки фрлени во аут, понекоја добра голманска одбрана, збунети судии, публиката “страшна”, крвта да ти се заледи во вените. Можат заедно со трубачите – навивачи на Нант да направат некој заеднички перформанс.
Единствен highlight од натпреварот би бил дека “Македонија “победува” и кога игра лошо”. Добро де, не победивме, ама ако сакавме и ќе победевме.
P.S. Е да имаше уште еден highlight што ќе се памети. Тоа беа мрежите зад головите. Тие очигледно во некој претходен живот биле рибарски мрежи во некое северно море, и влезе ли некоја харинга во нив, нема излегување. Е така беше и со топката. Влезе ли во мрежата оди извади ја.
P.S 2 Како бе ги примат во Европа вака несредени? На мрежата мислам де.
Во Букурешт Саморакомет.мк
Aлександар Бицевски