Данска тргнува по четвртата титула во низа, вечниот Дувњак со последен танц за „каубоите“

Честит Божиќ на сите македонски ракометни фанови, кои го слават и му се радуваат на Христовото раѓање и среќна и успешна 2025 година на сите Македонци. После подолг „пост“ од една цела декада неучества на големите смотри, Македонија, преку бараж дуел со една мала островска држава, со одличен настап во „Борис“ се пласира на СП […]

Ракометот во Битола е религија и тоа треба да се искористи во секоја смисла

Потврда дека овој спорт има сериозен капацитет за развој на делот комерција, со поддршка на маркетинг и ПР, носејќи во касата суми со 6 цифри во странска валута. Град со голема дијаспора, „изгорена“ за битолскиот ракометен гигант, дијаспора која „пали авион“ и иди од Скандинавија и Западна Европа на еден ден. Потенцијал на над 5000 […]

Анализа во која треба(ше) да се зборува за „комодоре 64“ 2.0, Брус Ли и „малио“ од Битола

Антиципација или предвидување на нешто што допрва ќе се случи. Во овој случај во играта. Термин кој првпат во животот го слушнав од устата на „Маго ди Умаго“, како филозофија ја прифатив гледајќи го истиот тој секој ден, во двојна доза, во истата таа Автокоманда. Антиципираат и крилата кои играат како „втори“ халфови, антиципираат двојката […]

Кој сака да си даде автогол?

БУРА ВО МАКЕДОНСКИОТ КЛУПСКИ И РЕПРЕЗЕНАТИВЕН РАКОМЕТ! Фото: 24 Ракомет Бурна е македонската ракометна сцена, и онаа на клупски ама и онаа која се однесува на националниот тим. За десетина дена, колку што поминаа од моето последно „излегување“ во јавност, со пишан збор, се случија едно чудо настани. Националниот тим (не)успешно ги стартуваше квалификациите за […]

Митревски е спортски „капиталец“ на Битола, Гиљермо носи „добра клима“ во Вардар

Од самиот старт оспоруван поради недостигот на некој сантиметар, неговиот карактер на фер и коректен дечко, со „неквалитет“ да влегува во „шема“ и да биде дел од некој табор или банда, популарниот Никуч, се изгради во пример за врвен спортист со сите атрибути на семеен човек, кој нема да го видите по ноќните локали и […]

Формациско ремек-дело на Лазаров за нов триумф над шампионот

Со еден ракометен пријател, пред дербито во Автокоманда, имав дискусија околу важноста на натпреварот. Стоев на ставот и уште сум на истиот дека, имајќи предвид дека е октомври и „нивата е долга за орање“, ова беше натпревар кој од различни аспекти е значаен за двете екипи, а резултатот како статистика и освојување на бодови е […]

Македонскиот ракомет како светла точка на „полето на натпревар меѓу народите“ 

На денот кога Македонија беше поделена помеѓу крлеуша и КАЛИОПИ, има(в)ме победнички старт на македонските ракометни претставници во третото по квалитет натпреварување во Европа. Во исто време, на две ракометни локации, екипи, кај кои клубските бои, во делот на сетилно брендирање, даваат доверба, сигурност и сила, направија позитивен резултат по првите натпревари од Европскиот куп […]

Враќање во реалноста и ПР „гимнастики“ како најава на убав ракометен викенд

„Големите македонски спортски брендови го обелија образот во ракометна Европа“… ….. Се истрчав малку пред некој ден, како прле пред магаре, после краткиот ракометен блесок на двата ракометни брендови во Европа и уште пократкото враќање во реалноста, каде едните си продолжија по старо, а оние другите уште еднаш „им покажаа“ на своите следбеници дека овој […]

Големите македонски спортски брендови го обелија образот во ракометна Европа – за посилна Македонија на СП!

Во ракометна Европа Вардар го совлада Валур, а Пелистер ремизираше со Спортинг. Но, она што, барем за мене, е исклучително важно, е фактот што Митревски, Кузмановски, Пешевски, па и Кузманоски и јунакот од средбата со Спортинг, Атанасиевиќ, (иако ростерите им се ( пре)полни со странски соиграчи), токму Македонците го „водат орото“ во Битола. Во истиот […]

„Двократниот“ се врати во игра, Шампионот ја продлабочи кризата

Фото: РК Вардар 1961 / Денис Дуковски Дерби. И тоа на „вечните“, што би рекле на „северот“. Натпревар кој нималку не е лесно да се игра. Особено ако сте во ситуација кога „мора да се добие“ истиот. А и на нас, кои пост-фактум,  анализираме и се обидуваме на хартија да ставиме неколку реченици за тоа […]