ДРАМА(ТА) ВО КАВАДАРЦИ ИМ ДАДЕ ВИДЛИВОСТ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ГРК ТИКВЕШ
Идентично како и минатата сезона, уште во првото коло но со обратен редослед на одигрување на натпреварите дома/гости, кавадаречки Тиквеш, испадна од Европскиот куп, најслабо по ранг европско натпреварување. Грчка Драма, по победата дома со резултат 27:31, во Кавадарци успеа да го издржи притисокот и со резултат кој ги однесе понатаму (26:26), ќе го продолжи […]
ЕДНАШ ВАРДАРЕЦ, СЕКОГАШ ВАРДАРЕЦ, Владо Недановски во САМО РАКОМЕТ

ФОТО РК ВАРДАР Бутина е прецизната интерпретација на прекарот на Владо. Зборувавме за неговото ракометно патешествие, доминантно во црвено црните бои. За почетоците, времето на Шампионскиот Вардар па се до денес. Погледнете…
Столе Стоилов ми кажа, Животот ќе ти се смени! Дејан Милосављев во САМО РАКОМЕТ

Фото: КОДАК Деновиве во Македонија гостуваше еден од најинтересните ракометни тимови на денешницата, Фуксе од Берлин. Во него три Вардарови легенди, Марсениќ, Периќ и Милосављев. Токму со Милосављев, имавме чест и привилегија да поразговараме. За деновите во Вардар, за возбудата и за промената во неговиот живот. Погледнете …
РАКОМЕТНИОТ ПРИНЦ ОД БЕРЛИН ВЕЧЕРВА ЌЕ „ТАНЦУВА“ ВО БИТОЛА
Минатата недела стартуваше елитното или најелитното ракометно натпреварување. Систем на натпревари каде е самиот крем од клупскиот ракомет, шеснаесет екипи, поделени во две групи. Екипи кои (нај)високо котираат во најсилните лиги во светот. Меѓу нив, и оваа година, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, со непријатно искуство во резултатска смисла од минатата сезона, но и задача, оваа […]
АЛКАЛОИД ФИЗИЧКИ И ТАКТИЧКИ ГО „ПРЕПЛИВА„ ВАРДАР ЗА ТРИУМФ ВО ДЕРБИТО НА КОЛОТО
Празничен викенд во Македонија, во Скопје, кое иако е и повеќе од полу испразнето, подготвено е за првото локално дерби, во најпопуларниот спорт во државата. Летен септември и до вчера нетипично високи температури, кои дополнително се подигаа со гостување на „двократниот“ во Автокоманда, кај забревтаниот Алкалоид, тим кој по вторпат за неколку месеци, како на […]
„Жесток шамар“ за битолчани, транзицијата и Брус Ли го „спакуваа“ трофејот за Автокоманда
Македонскиот клупски ракомет имаше супер најава на претстојната сезона синоќа во Гевгелија и покажа дека е највитален на овие простори, нудејќи неизвесност и солиден квалитет, солиден број на екипи во борба за трофеите, но и за излез во Европа. Во натпревар на шампионот на државата и освојувачот на Купот на Македонија, како предвесник на претстојната […]
ЗАВРШИ ЕП ЗА М20 ВО СЛОВЕНИЈА: МАКЕДОНИЈА ПОКАЖА КОНСТАНТНОСТ, СПЛОТЕНОСТ И КВАЛИТЕТ
Македонија не отстапи од системот промовиран од Стојановиќ како прв тренер и Ангеловски како негов помошник. Систем на агресивна и длабока зона, која бара исклучително вискоко ниво на физичка подготовка, но и уште повиско ниво на спортска интелегенција кај играчите кои треба да го имплементираат истиот. Систем на железна дисциплина во нападот, тактички поставен до […]
Некои ќе напаѓаат, некои ќе се гордеат со ВАС, главата горе момци Македонци!
Како беше преставена Македонија?
Како и лани во Хрватска, и повеќе од солидно, пред се во однос на пристапот кој овие момци (сите топтан) го имаат кон дресот со националните бои, борбата и желбата за себе промовирање но и промовирање на државата Македонија. Но, и ракометно, каде настапивме со генерација која не даваше сигнали за големи дела, генерација која во многу наликува на онаа од ’98, технички добро „поткована“ и дисциплинирана. Дали можеше подобро? Секако, дури и до медал. Теза која, можеби, ќе се потврди со игрите на некоја селекција на ова ЕП во главната рунда.
ТИМОТ покажа карактер и победнички менталитет, Шуле ја победи генетиката и предрасудите како порака за децата кои доаѓаат
Фабрика ракометари слична на онаа од крај најуоно езеро, која за разлика од таа Хрватската, оваа нашата работи во мааалку полоши услови. Но и фабрика за која никој, до ден денес нема логично објаснување како функционира и како постојано и постојано „произведува“ нови играчи. Играчи од типот на вчерашниот МВП на натпреварот.
Алкалоид, Вардар и Пелистер, го формираат Македонското ракометно тројство!

Јас, Бице и Ѓоргон, си зададовме задача да се обидеме да ги изанализираме трите најдобри екипи сезонава. Теми и прашања премногу, како поминаа, дали напредуваа, какви им се плановите и целите.
