ЗАВРШИ ЕП ЗА М20 ВО СЛОВЕНИЈА: МАКЕДОНИЈА ПОКАЖА КОНСТАНТНОСТ, СПЛОТЕНОСТ И КВАЛИТЕТ

Македонија не отстапи од системот промовиран од Стојановиќ како прв тренер и Ангеловски како негов помошник. Систем на агресивна и длабока зона, која бара исклучително вискоко ниво на физичка подготовка, но и уште повиско ниво на спортска интелегенција кај играчите кои треба да го имплементираат истиот. Систем на железна дисциплина во нападот, тактички поставен до […]

Некои ќе напаѓаат, некои ќе се гордеат со ВАС, главата горе момци Македонци!

Како беше преставена Македонија?
Како и лани во Хрватска, и повеќе од солидно, пред се во однос на пристапот кој овие момци (сите топтан) го имаат кон дресот со националните бои, борбата и желбата за себе промовирање но и промовирање на државата Македонија. Но, и ракометно, каде настапивме со генерација која не даваше сигнали за големи дела, генерација која во многу наликува на онаа од ’98, технички добро „поткована“ и дисциплинирана. Дали можеше подобро? Секако, дури и до медал. Теза која, можеби, ќе се потврди со игрите на некоја селекција на ова ЕП во главната рунда.

ТИМОТ покажа карактер и победнички менталитет, Шуле ја победи генетиката и предрасудите како порака за децата кои доаѓаат

Фабрика ракометари слична на онаа од крај најуоно езеро, која за разлика од таа Хрватската, оваа нашата работи во  мааалку полоши услови. Но и фабрика за која никој,  до ден денес нема логично објаснување како функционира и како постојано и постојано „произведува“ нови играчи. Играчи од типот на вчерашниот МВП на натпреварот.

АЛКАЛОИД ГО “ПРЕПЛИВА” НАДМЕНИОТ И НЕРВОЗЕН ВАРДАР, ДОБИВАЈЌИ КРИЛЈА СО КОИ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО “ПРЕЛЕТА” РАКОМЕТНО СУПЕР-ВИСОКИОТ ПЕЛИСТЕР

АЛКАЛОИД ГО “ПРЕПЛИВА” НАДМЕНИОТ И НЕРВОЗЕН ВАРДАР, ДОБИВАЈЌИ КРИЛЈА СО КОИ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО “ПРЕЛЕТА” РАКОМЕТНО СУПЕР-ВИСОКИОТ ПЕЛИСТЕР

Пелистер одбројува, Вардар се надева, Охрид прославува, а „луѓето во црно“ ги „одредија“ учесниците на завршните турнири

Познати се учесниците завршните турнири во ЛЕ и ЛШ, овозможувајќи ни одлични натпревари, големи пресврти и неизвесни завршници. Во ЛШ, од фазата Келн не е тоа што треба да биде без германска екипа, премина во фазата на два претставника во имињата на актуелниот шампион Магдебург и „(нај)големиот“ Кил. Покрај нив во Келн ќе ги видиме […]

Пелистер ја брани титулата!

Ракометниот викенд, за кој често имав забелешки околу термините, почнува денес. Браво, така треба, ќе ги гледам безмалку сите натпревари со доволно време за подготовка и сумирање впечатоци.

ТИКВЕШ НЕМОЌЕН ПРОТИВ ВИСОКАТА ЗОНА НА АЛКАЛОИД, ОХРИД ПРОДОЛЖУВА ДА ГО СОНУВА ШАМПИОНСКИОТ СОН

Триумф на Алкалоид, четврти во меѓусебните дуели во тековното првенство, овој пат на гостински терен во Кавадарци, е епилогот од натпреварот кој требаше да даде одговор на прашањето, дали Тиквеш ќе продолжи да сонува учество во Европа следната година.

Уметникот, Мечката и Пантерот му го земаа „скалпот“ на Шампионот, ќе дочека ли „двократниот“ киск на Битолчани?

Што се однеусва до атмосферата, ако во Автокоманда „мирисаше“ на освојување титули, пред „Јане Сандански“, а и внатре, се наликуваше на (нај)убавите години, кога Вардар „ја стави Европа под нозе“, младо и старо, машко и женско, на нозе се кренало, да го бодри „двократниот“, да го бодри последниот бастион на МАКЕДОНШТИНАТА, барем за нас, кои живееме тука, во Скопје. Одлична посетеност (за работен ден) од вистински вљубеници во брендот Вардар, кој нешто порано тој ден објави соработка со големиот ракометен бренд Кемпа, кој препозна одлична база на навивачи, следбеници, препозна можеби враќање на Вардар на големата сцена, со свои математики за поддршка на истиот.