Две карти молам! Битола на нозе…

Во навидум изедначен натпревар во првото полувреме ловориките ги собираше голманот на атињаните. Натпреварот тврд, тежок, не толку убав но со посебен набој. Знаеме ние. Не е литертурна форма а можеби е, редењето на впечатоци. Две вртени на Граџан, пикерот кој стана битолски зет уживаше вечерва. Плотунска стрелба на Стипе, кој по кој знае кој […]
Вардар и Пелистер во последното редовно европско коло

Македонските тимови го комплетираат учеството во регуларниот дел од ЕХФ лигите. Дерби во првата лига. 08.03.2022 18.45 ч Еурофарм Пелистер АЕК ЕХФ Европска Лига Исклучителен меч за Битолчани. Да се зацрврстат на втората позиција, да покажат дека се тим за висок дострел. Јужниве со надеж за пласман понатаму, никако не смее да се потценат. 09.03.2022 17.00 […]
За “Женцкиот” ракомет

ФОТО ЕХФ Хронолошки гледано, популарноста на ракометот во Македонија, растеше преку грбот на женскиот ракомет. Па така најпрво во девеесетите негде, јас уште бев во војска, онака во зрели години, во Тетово, прва класа ШРО, македонска, девојките правеа чуда на светското во Германија. И додека “другарите” веќе коваа заговори и криеа пушкомитролези, ние неколкумина македонци […]
СЕХА и “Двојката”, најинтересни неделава

Минатата недела ја започнавме со: Ах, да, верувале или не, СЕХА е жива. Неделава неколку натпревари од СЕХА но продолжуваат возбудувањата и во машката и женската супер лига. 07.02.2022 17.30 ч Партизан Еурофарм Пелистер СЕХА Лига Искрено сум вчудоневиден од изјавите од таборот на црбнобелите. Во ситуација кога битолчани се апсолутни фаворити, мотивирањето на тимот е […]
ЈАМБ ВО НАЈАВА, 01.02.22-07.02.22

Foto EHF По вртоглавото европско по повеќе основи, повторно се враќаме во нормала. Ах, да, верувале или не, СЕХА е жива. 02.02.2022 18.00 ч Металург Вардар Македонска Супер Лига Во една за мене поразителна ситуација во која раководството го држи клубот (Металург) подолг период под изговори за стабилизација, некогашниот десерт сега ќе биде тежок за варење. […]
22 ри во Европа

Неможам да се сетам дека во некоја категорија од општествено политичкото, спортско, па и било кое милје котираме така високо. Сепак најракометната нација, или државата во која ракометот е спорт број 1, нема да биде задоволна со ваквиот развој на настаните? Но зошто е тоа така? Претпоставувам поради површноста, овде на балканот еден тротоар најобичен […]
Бројките не лажат !

Еден наш истакнат ракометен соборец, аналитичар и теоретичар на заговор рече: Статистиката е како бикини, многу покажува но, не ги открива главните моменти ! Па земајќи ги в предвид големите мисли, бројките и општиот впечаток, како некој второкласен забавувач кој 75% од од концертите ја тера публиката да пее, оставам на читателите да извлечат заклучок. […]
Стискавме палци, сега малку и заби …

Сметав утрово дека кошмарите ноќешни не се последица на ракометот. Барав причина во децата, па ситуација на работа со едно Кангу, можеби лошата серија сарма, руска, домашна… Сепак до ракометот е. Сакав барем една победа, а и сметав дека сепак имаме капацитет. Но суровата реалност, која Каменица ја прогнозираше, ракометните кругови ја наслутуваа, стручниот штаб […]
Со мислите во Полска и Шведска!

Да, всушност со години го чекавме моментот кога ќе ја слушнеме сентенцата “Градиме тим за иднината”. Кирил Лазаров ги оправда очекувањата. На првиот меч со Словенија го покажа костурот на новата Македонија. Играчите кои го имаа најголемиот товар не беа ветераните. Пешевски 30, Ѓеоргиевски 34, Стоилов 34, тука завршува. Се останато е иднината ! Лево […]
МАКЕДОНИЈА !

Македонија се гордее со својата ракометна репрезентација. Не постои друг амбасадор, недајбоже од политиката кој успеал толку често и на толку високо и репрезентативно ниво да ја претсавува Македонија во европа и светот. Ракометарите се од сојот ретки вистински амбасадори на Македонија. Македонија својот прв настап го има на третото Европско првенство во Италија 1998, […]
