Стискавме палци, сега малку и заби …

Сметав утрово дека кошмарите ноќешни не се последица на ракометот. Барав причина во децата, па ситуација на работа со едно Кангу, можеби лошата серија сарма, руска, домашна… Сепак до ракометот е. Сакав барем една победа, а и сметав дека сепак имаме капацитет. Но суровата реалност, која Каменица ја прогнозираше, ракометните кругови ја наслутуваа, стручниот штаб […]
Со мислите во Полска и Шведска!

Да, всушност со години го чекавме моментот кога ќе ја слушнеме сентенцата “Градиме тим за иднината”. Кирил Лазаров ги оправда очекувањата. На првиот меч со Словенија го покажа костурот на новата Македонија. Играчите кои го имаа најголемиот товар не беа ветераните. Пешевски 30, Ѓеоргиевски 34, Стоилов 34, тука завршува. Се останато е иднината ! Лево […]
МАКЕДОНИЈА !

Македонија се гордее со својата ракометна репрезентација. Не постои друг амбасадор, недајбоже од политиката кој успеал толку често и на толку високо и репрезентативно ниво да ја претсавува Македонија во европа и светот. Ракометарите се од сојот ретки вистински амбасадори на Македонија. Македонија својот прв настап го има на третото Европско првенство во Италија 1998, […]
Македонија и Словенија

На Василица Македонија игра со Словенија во првото коло од европското првенство. Одамна нашите празници се талични за нашите спортисти. Нека биде така и понатаму. Во почетниот состав со Виктор, Даре и Кики, се обидовме да се подготвиме за тоа што не чека. Искусните Даре и Кики не се впуштија во детална прогноза, но Виктор […]
Правдата е задоволена !

Во четврток на Василица, започнува европското првенство во ракомет за мажи. Македонија има претставници во сите нивоа, играчки, делегатски, организациски и судиски. За да, дел од нашите оценки, во поглед на судиските парови, добијат валидација се погрижи ЕХФ со вчерашното соопштение. Го пренесуваме во целост: Европската ракометна федерација номинираше уште двa дополнителни судиски парови за […]
Одбројуваме, Македонија на Европско!

Со несмален интензитет продолжувам да ја нарушувам, како Бице вели, совршената фигура извајана низ минатата 2021 полумаратонска сезона. Ерата на славите е во полн ек! Одбројувам сарми, руска, но јануари со години наназад ми создава и едни поинакви гастро тегоби! Македонија игра ракомет заедно со елитата, а и тука апетитот ми е одличен. Но не […]
Никуч, Кире и Иве и Злате !

Годината која полека изминува сепак изобилуваше со ракометни настани иако на почетокот и не изгледаше дека ќе биде така. Ние селектиравме 4 имиња од македонската ракометна сцена кои оставија белег. Ги претставувам без некој посебен реодслед. Прво голманот на Порто, и на репрезентацијата на Македониија, Никола Митревски Никуч. Никола е роден на 3 Октомври 1985 […]
