Македонските тимови го комплетираат учеството во регуларниот дел од ЕХФ лигите. Дерби во првата лига.
08.03.2022 18.45 ч Еурофарм Пелистер АЕК ЕХФ Европска Лига
Исклучителен меч за Битолчани. Да се зацрврстат на втората позиција, да покажат дека се тим за висок дострел. Јужниве со надеж за пласман понатаму, никако не смее да се потценат.
09.03.2022 17.00 ч Вардар Ѓорче Плеј Оф Супер Лига Жени Македонија
Дуел на некогашните големи шампиони. За жал сега нивото на женскиот ракомет на прилично долна граница. Но ги пратиме и зборуваме за нив со надеж дека женскиот ракомет ќе го добие третманот кој го заслужува.
09.03.2022 20.45 ч Вардар Елверум ЕХФ Лига на Шампиони
Со еден сплет на околности Вардар го обезбеди 5 то место во групата, без разлика на исходот.
10.03.2022 19.30 ч Голден Арт Алкалоид Македонија Прва Лига
Вакво ривалство одамна немало. Иако натпреварот е само за подобра позиција во плеј оф, сепак победата е императив за двете екипи.