За “Женцкиот” ракомет

ФОТО ЕХФ

Хронолошки гледано, популарноста на ракометот во Македонија, растеше преку грбот на женскиот ракомет.

Па така најпрво во девеесетите негде, јас уште бев во војска, онака во зрели години, во Тетово, прва класа ШРО, македонска, девојките правеа чуда на светското во Германија. И додека “другарите” веќе коваа заговори и криеа пушкомитролези, ние неколкумина македонци гледавме ракомет и останувавме без здив. Индира со својата екипа беше откровение. Бевме 7 ми на свет !

Следеа години на континуитет, европски и светски настапи со повеќе или помалку успех. Во меѓувреме пристигна и првата титула во Скопје, европски шампион. Обединети како никогаш порано долго во ноќта ја славевме титулата од Кале. Уште незалечени раните од крвавата 2001, која ни ја приредија сожителите подпомогнати од западните демократии, титулата клупски европски шампион делуваше надреално. Кометал Ѓорче си обезбеди безсмртност.

Но со последниот настап во 2012 година на европското во Србија, заврши славниот период.

Во Скопје имавме уште една исклучителна приказна, клупска, оваа со источен предзнак. Па благодарение на Вардар, со години имавме привилегија да ги гледаме најдобрите клубови и најдобрите играчи. Бевме и редовни на Ф4 турнирите, но и на таа бајка и отчука полноќ.

За сето ова време, за жал, Македонија не успеа да создаде респектабилна репрезентација, клубови, па слободно можам да кажам дека не успеавме да созадеме ниту играчи.

Зошто е тоа така?

Школи има, клубови има, девојки заљубени во ракометот не недостасуваат. Но едноставно неможеме да создадеме играчи.

Ќе нафрлам па можеби и ќе погодам, ваучерот за машка екипа е СЕДУМ пати поголем од оној за женска екипа. Буџетот на една сениорска женска екипа е испланиран за преживување никако за развој на играчи. Амбициите на клубовите се за една до две прошетки низ Европа. Девојките кои тренираат по завршувањето на средното школо само доколку не се од Скопје имаат интерес за играње. На прсти се бројат девојките кои во една ваква клима, кадетско младинска, ќе успеат да најдат ангажман надвор.

И, верувале или не покрај сево ова, еден куп девојчиња сеуште сонуваат.

За жал, соништата брзо испаруваат.

Изминатата 2021, еден кадетски шампионат повторно ни наговести дека македонскиот женски ракомет не е клинички мртов. Натпреварот со Словенија, покажа дека овој тим би можел да има иднина. Ноември е близу, Македонија е домаќин на групата од европското првенство. Шансата за женскиот ракомет повторно да биде тема со која ќе се гордееме, зависи од сите нас.

АМС, РФМ, клубови и компании, мора да му пружите рака и шанса на македонскиот женски ракомет!

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...