Спортот кој сите го сметаме за број 1, се соочува со безброј проблеми и препреки, дел од нив објективни дел субјективни.
Од инфраструктурните, мал број на сали, и голем број од нив во лоша техничка кондиција, до современите, мал интерес кај децата, недостиг на соодветен стручен кадар, и од најновите неопходни пристапи, недостиг на бизнис и маркеринг логика во пристапот.







Знае ли Македонија како треба, може ли и уште безброј други прашања на финалната трета панел сесија.
На едноставното прашање дали имаме стратегија за развој на ракометот и дали можеме да ја доближиме бизнис заедницата до ракометот разговаравме со Владо Недановски спортски директор на РК Вардар, Анета Антова Пешева член на собранието на стопанските комори, Славе Николов еден од најдобрите светски ракометни судии и Бојан Стефановски член на Управниот Одбор на РФМ.
