Алкалоид пред најголемиот свој предизвик!

Пред најмладиот Македонски ракометен колектив, неделава предстои двомеч од највисоко значење. двоМЕЧОТ против елитниот германски ракометен Колектив Хановер Бургдорф, за мене е мечот кој ќе го дефинира натамошниот пат на Алаклоид.

По спектакуларната и пред се доминантна презентација во ЕХФ Купот, каде Алаклоид го бришеше подот со многу сериозни тимови, следи мечот на зрелоста, инагурацијата во големото друштво.

Дали Алкалоид, Кире и момците се подготвени да се приклучат на вториот ешалон европски клубови? Дали е време Фармацевтите да симнат еден елитен скалп, дали Македонскиот производ е подготвен за пласман на светските пазари?

Од овој двомеч ќе дознаеме многу работи. Да, ништо нема да биде конечен заклучок но со сигурност ќе можеме да дадеме завршни зборови. И кога мислам на конечниот исход не размислувам само на апсолутен успех, елиминација на германците, туку на начинот на кој Киро ќе ја води својата чета, на текот на битката, на реваншот во Скопје и на се она што нема да биде резултат на семафорот, размислувам на ковот и карактерот на овој македонски проект.

За мене и евентуална елиминација со скапо продадена кожа ќе значи верификација на проектот и силен ветар в грб за фармацевтите. Да не должам еве накратко за каков противник станува збор.

ТИМ

Хановер е навистина респектабилен клуб. Основан пред верувале или не 103 години е антипод на нашиот Алаклоид, кој сеуште ја нема комплетирано првата петолетка. Иако долго настапува во Бундес лигата сеуште нема титула. Тој минатата сезона имаше импресивен старт но во вториот дел од сезона го изгуби здивот. Боите на тимот се зелени а низ Германија се препознати како Die Recken или во мој слободен превод Витезите.

ИГРА

Играта на овјо германски тим е препознатлива, типично германска со скандинавски призвук. Силни се и жестоки, играат до последна капка и не се предаваат

ИГРАЧИ

Базирани на германско скандинавски снаги, тие се тим без ѕвезди. Да, имаат две во подем во името и на фантастичниот десен бек Ушчинс, 23 години и жестокиот пивот, можеби наследник на Винчек, Јустус Фишер 22 години, но младоста е сериозен предизвик за нив. Како најсилна алка во овој тим можеби ќе се издвои тренерот Прокоп. Млад, модерен и безкомпромисен тренер.

ТЕРЕН

Информациите велат дека ќе се игра во нивната мала сала, мала или голема, нивниот терен не е жесток. Фановите од клубовите за трета доба со ритамот со штракалките не смеат да бидат противник за нашите фармацевти, кои пред само неколку месеци го положија тестот на зрелост во примитивниот амбиент во Атина.

СУДИИ

Судиите доаѓаат од Португалија. Не можам да кажам дали се добри или не, но со оглед на се што не навикнаа португалските тимови и репрезентација изминативе години очекувам судии со чувство за игра. Нешто што би требало да оди во прилог на стилот кој го негув Алаклоид.

МОТИВ

Знам дека пред почетокот на реваншот во Скопје ќе се додели Пехарот за освоениот ЕХФ Куп, па очекувам оваа група на победници да биде исклучително мотивирана да им докаже пред се на ЕХФ дека таков успех треба да се вреднува со директно учество во групи, а не со помалку понижувачко бараж искуство, но да докаже и на својата управа, навивачите и на јавност во Македонија дека се тим на вистинскиот колосек!

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАТ ФАРМАЦЕВТИТЕ за да го елиминираат овој противник? Да ја играат својата игра во која стигаат до 40 погодоци, да бидат жестоки во одбрана за да им пружат шанса на Кизиќ и Галевски да бранат на врвно ниво, да не ги преценат Витезите и да ужуваат во играта.

Во недела на МТВ, верувале или не, од 17,00 часот, ќе можеме да уживаме во уште една ракометна пресметка/

Напред Алкалоид!

Да живее МАКЕДОНИЈА!

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...