Литваниките со кренати раце !

Безмалку со звукот на сирената литванките погодија од пенал за конечни 31:21 за Македонија ! За нив очигледно голем успех. За нас потврда на статусот најдобри од вториот ешалон. Сега во третиот циклус, со прилично млади ракометарки во ростерот, но со смиреност и искуство, бараме поволна ждрепка но и план како да го поминеме баражот […]

ЕНИГМА

Нешто што е загадочно, таинствено, што останува неразјаснето. Така некако може да го опишеме нашиот европски шампион Вардар ! Неговата игра, мотивираност и посветеност. Еве неговите настапи од натпревар во натпревар се драматично различни ! Во натпреварот во Скопје го победи Мототор со 32:27, со една убава но неконстантна игра со само 23% голмански интервенции […]

Предквалификациите апсолвирани !

Што е потребно Македонија да отиде чекор понатаму ? Иако почетокот не наговестуваше, а влезот во второто полувреме не замисли, сепак Македонија прилично убедливо и сигурно го доби дуелот со Исланд. Македонија е ноќна мора за девојките од “ледениот” остров. Тргнавме нервозно со безброј грешки, па Симовски мораше да менува и да смирува, 7:2 за […]

Пелистер покажува класа

Релаксирано попладне во Шабац, домот на европскиот првак од едно старо време. Пелистерци демонстрираа класа, иако Металопластика е далеку од конкурентен тим, ангажманот и сериозноста на легендата на нивната клупа Вуковиќ, покажува дека никого не респектираат. Прекрасна беше забелешката на тајмаутот, Секој води своја борба… Забелешка која во нашево општество има длабоки корени ! Во […]

Македонија мудро против Данска !

Откако во четвртокот се најдовме во центарот на ракометното збиднување ширум ракометниот свет и ја остваривме една од најслатките победи, а Капитенот во тројна улога го крунисавме, денес со насмевка го испративме реваншот. Вкусот на победата ништо неможе да го расипе. Напротив Селекторот го одржа ветувањето и без да ризикува им овозможи на младите сили […]

Далеку е сонцето

Уште во првите минути Васко со три промашувања најави во какво расположение е екипата. Тим како Мешков, не пропушти шанса да си го поправи скорот со двократниот европски шампион, кој благо речено делува дезориентирано. Натпревар без некое посебно значење но секако за престиж и подигање на каква таква форма НО …Одбраната е таа која цела […]

Што знаеа кладилниците за Пелистер ?

Коефициентот за победа на Пелистер беше поставен на вртоглава и за мене потполно неразбирлива цифра 12 !!! Пелистер е во одлична серија, игра се подобро, во ростерот недостасуваа неколку играчи но веќе навикнавме дека така се игра низ цела сезона, на првиот натпревар во Македонија Кадетен се спасуваше во последните секунди ! Дали фактот дека […]

Крајот го краси делото

6 минути ме делеа од овој наслов да биде 100 проценти прецизен, сепак и реми е одличен расплет. Во еден апсолутно неважен натпревар од ЕХФ ЛЕ во кој видовме многу шареноликост, Косовски судии со различен пристап, американски пикер, добро познат чилеанец и еден куп ракометни анонимуси, врвен тренер на раб на нервен слом, Металург се […]

Пелистер започна да ја пишува дипломската !

Се поизвесно е дека возбудата што ја нудеше СЕХА лигата не е така висока. Дури и Бабиќ не беше сигурен во каков стајлинг да се појави. Сепак видовме една пристојна а на моменти и прекрасна игра на битолчани. Гостите во слична ситуација како и наш Металург, безмалку со една и таа непотполна постава. Тоа допринесе […]

Респираторна подршка

Некаде прочитав дека е ова последната шанса за победа или последната можност за избегнување на клиничката смрт. Звучи можеби предраматично но Вардар е двократен европски шампион, и трикратен учесник на последните 3 легални Ф4 . Значи очекувањата се високо поставени уште во 2017 ата, а секој кој ќе дојде во Вардар ќе мора да биде […]