Што знаеа кладилниците за Пелистер ?

Фото РК Еурофарм Пелистер

Коефициентот за победа на Пелистер беше поставен на вртоглава и за мене потполно неразбирлива цифра 12 !!!

Пелистер е во одлична серија, игра се подобро, во ростерот недостасуваа неколку играчи но веќе навикнавме дека така се игра низ цела сезона, на првиот натпревар во Македонија Кадетен се спасуваше во последните секунди ! Дали фактот дека со победа Пелистер ќе биде втор во групата или нешто сосема друго?

Тежината од победата очигледно им беше бреме на пелистерци. Почнаа нервозни во нападот но одбраната беше стабилна па се до десетата минута беше 2:1. Нападот почна да греши иако од самиот старт Бабиќ тргна со 7 на 6. Нападот на Кадетен беше доста креативен па одбраната почна да попушта. Струшко вевчанската линија не успеваше да ги задржи разиграните противници. Мандалиниќ се мачеше, никако неможеше да погоди, расположени беа само се подобриот Периќ и пикерот Граџан. Но тоа не беше доволно. На полувреме минус 4.

Второто полувреме продолжи во ист стил, грешки во напад, слаба одбрана а кога Кукоску доби црвен како да беше јасно. Интересно е што иако доста ротираше, во нападот се обиде безмалку се, Бабиќ не се обиде да смени нешто драматично во одбраната.

Останува загатката дали натпреварот го изгуби лошиот нападот или слабат одбрана? Ако земеме впредвид дека еден куп напади беа под пасивна а одбраната прими 29 голови најверојатно одговорот го знае само Бабиќ.

Како и да е Пелистер е во следна фаза и таму ќе се судри со Магдебург, уште еден одличен Македонско Германски дуел !

ЕХФ ЕЛ 02.03.2021

Кадетен 29 Пелистер 26

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...