Уште во првите минути Васко со три промашувања најави во какво расположение е екипата. Тим како Мешков, не пропушти шанса да си го поправи скорот со двократниот европски шампион, кој благо речено делува дезориентирано.
Натпревар без некое посебно значење но секако за престиж и подигање на каква таква форма НО …Одбраната е таа која цела сезона нефункционира, така и денес прими 20 голови за едно полувреме и дополнително го исфрустрира и нападот кој патем не е врвен ко порано ! Играчите ги губеа сите можни дуели, и за жал повторно “уживавме” во фантастичниот Скубе.
Целта Вардар ја оствари, пласман во осминафинале на ЛШ ! Дуел со Веспрем во кој како никогаш досега Вардар ќе биде тотален аутсајдер. Тренерот вели дека многу работи ќе треба да се сменат па ние ќе бидеме трпеливи и ќе ги чекаме резултатите од промените.
Но уште поважна е изјавата на капитенот„Тренерот на Мешков ме потсети што е проблемот во нашиот тим. Алонсо кажа колку Вардар е специјален клуб и како знае да направи камбек. И колку е голем клуб. Но некои играчи кај нас не сфаќаат колку голем и специјален е овој клуб и го сфаќаат здраво за готово тоа што го носат овој дрес. Тоа е најголемиот наш проблем“
Останува следната сезона која со нетрпение ќе ја чекаме, картите да бидат поотворени !
ЕХФ ЛШ Скопје Македонија
Вардар 32 Мешков 36