
Безмалку со звукот на сирената литванките погодија од пенал за конечни 31:21 за Македонија !
За нив очигледно голем успех. За нас потврда на статусот најдобри од вториот ешалон. Сега во третиот циклус, со прилично млади ракометарки во ростерот, но со смиреност и искуство, бараме поволна ждрепка но и план како да го поминеме баражот !
После воведната победа вчера во по рејтинзи дербито во групата, денешниот натпревар го одигравме позрело, посмирено, со многу малку технички грешки и изгубени топки, но со повеќе промашени шутеви. Симовски имаше можност да ротира без опасност, па на пошироката јавност иако не е ова првпат, да им ги покаже надежите на македонскиот ракомет.
Џатевска на пикер, Гичевска, Седловска, Јанкуловска и Кипријановска на бек како и веќе добро познатата голманка Мицевска, ќерката на еден од нашите македонски поистакнати фудбалски голмани.
Лидерската палка со страшна сигурност во рацете на Сара Ристовска, која доминира со ставот сигурноста и реализацијата во овие два натпревари.
За Македонија останува ракометно и резултатски неважниот утре дуел со јужниот сосед.
Со срце за Македонија