Предквалификациите апсолвирани !

Фото Виктор Христоски

Што е потребно Македонија да отиде чекор понатаму ?

Иако почетокот не наговестуваше, а влезот во второто полувреме не замисли, сепак Македонија прилично убедливо и сигурно го доби дуелот со Исланд. Македонија е ноќна мора за девојките од “ледениот” остров. Тргнавме нервозно со безброј грешки, па Симовски мораше да менува и да смирува, 7:2 за Исланд.

Македонија почна со комбинирана постава млади и стари, но кога Стојковска влезе во игра ја направи разликата и во одбраната и во нападот. Со одлична игра во одбраната и одбрани на Серафимовска во вистински момент, црвените девојки го свртеа натпреварот 11:8 на полувреме!

Вториот дел по сценарио од првиот, нервозно, лоши шутеви, по некоја статива и Исланд повторно води. Промената ја донесе овој пат Гичевска во нападот и безмалку перфектна брза и подвижна 6-0 зона во одбраната која не дозволи лесни голови.

Одлична партија за Сара Ристовска, малку нервозна за Ѓорѓијевска, малку, но со перфектен тајминг одбрани на Серафимова.

Следат на хартија два полесни противници, а потоа следи прашањето од насловот.

Со срце за Македонија !

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...