-8 Во Битола

Битола секако е еден од најстудените градови во Македонија, но многу топлокрвен кога станува збор за страста за спортот, за ракометот за Пелистер !

Вечерва ќе беше празник, чкембарите ќе ја запалеа Боро Чурлески, а германците ќе сфатеа дека во Македонија е проклето тешко да се победи !

Но, публика нема, Пелистер е во формирање, Грин фати 6-7 топки во серија, младите изгореа во желбата…

Почетоците на двете полувремиња кобно го одбележаа натпреварот. Сериите од 4:0 во првото и 3:0 во второто беа доволни за безбедна дистанца. Преискусниот во страшен ритам тим на Магдебург сериозно ја напишал домашната.

Пелистер покрај тремата имаше и неколку лошо избрани шутеви, неколку стативи, подзаспаност во одбраната, која Бабиќ ја нотираше на тајмаутот, а можеби и неколку несреќни одлуки на судиите кои доаѓаат од една типична ракометна област !

Патот до успехот е долг, трновит и полн со препреки. Пелистер е можеби на полпат, за до целта ќе треба уште многу истрајност и упорност.

Денот кога победите ќе станат реалност со нетрпение го очекуваме.

ЕХФ ЕЛ Битола Македонија 23.03.2021

Пелистер 24 Магдебург 32

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...